Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 26:1-14

26  Тогаш Јов одговори:   „Е, баш му помогна на оној што нема сила! Навистина ја избави обессилената рака!+   Убаво го посоветува оној што нема мудрост,+ му покажа на мноштвото како изгледа мудроста на дело!*   Кому му ги кажа тие зборови? Чии зборови излегуваа од тебе?   Немоќните мртовци треперат под водите и под оние што живеат во нив.+   Гробот* пред него е откриен,+ местото на пропаста не може да се покрие.   Тој го оптегнува северот над празнината,+ ја држи земјата обесена на ништо.   Ги врзува водите во своите облаци+ за да не се скинат облаците под нив.   Го покрива својот престол, простирајќи го облакот+ преку него. 10  Нацрта круг над површината на водите,+ каде што завршува светлината, а почнува темнината. 11  Столбовите на небото се тресат и остануваат зачудени кога тој ќе се закани. 12  Со својата сила тој го разбранува морето+ и со својата разборитост го разби+ напаѓачот.*+ 13  Со својот ветар го светна небото,+ неговата рака ја прободе змијата што ползи.+ 14  Ете, тоа се само делчиња од неговите дела,+ за него слушаме одвај слаб шепот! А кој може да го разбере неговиот моќен гром?“+

Фусноти

Или: „делотворната (практична, применлива) мудрост“.
Буквално: „Шеолот“.
Изразот најверојатно се однесува на некое морско чудовиште.