Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 23:1-17

23  Тогаш Јов одговори:   „Бунтовен сум денес од загриженост,+ тешка ми е раката од моето воздивнување.   О, кога би знаел каде да го најдам!+ Би отишол право до неговото место.+   В лице би му ја образложил својата парница и со докази би ја наполнил својата уста.   Би сакал да ги знам зборовите со кои би ми одговорил, би размислил за она што би ми го рекол.+   Дали тој, во својата голема моќ, би се препирал со мене? Не, туку би ме сослушал.+   Таму справедливиот човек би ги решил работите со него и мојот судија би ме ослободил засекогаш.   Ете, одам на исток, а него го нема; тргнувам назад, но не го забележувам.+   Одам налево, таму каде што работи, но не го гледам; тој се свртува надесно, но јас не го гледам. 10  Сепак, тој добро знае по кој пат одам.+ Кога ќе ме испита, ќе излезам како злато.+ 11  По неговите стапки чекори мојата нога, се држам за неговиот пат и не скршнувам од него.+ 12  Од заповедите на неговите усни не отстапувам.+ Ги зачував зборовите од неговата уста,+ и повеќе отколку што ми е одредено. 13  Тој има една замисла, и кој може да му се спротивстави?+ Што ќе посака неговата душа, тоа и ќе го направи.+ 14  Ќе изврши сѐ што ми одредил,+ а во него има уште многу работи слични на тоа. 15  Затоа, чувствувам немир поради него, размислувам за него и се плашам од него.+ 16  Бог лично го направи плашливо моето срце,+ Семоќниот ме вознемири.+ 17  Зашто, не сум замолкнат поради темнината, ниту поради тоа што мрак ми го покри лицето.

Фусноти