Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 20:1-29

20  Тогаш Софар од Наама одговори:   „Кога е така, моите тегобни мисли нека ми дадат одговор на тоа, зашто немир ми ја обзеде утробата.   Слушам опомени што ме навредуваат, одговор ми дава ум* што нема таква разборитост каква што имам јас.   Зар не ти е познато од памтивек, откако е човекот ставен на земјата,+   дека радосното извикување на злите трае кратко,+ дека радоста на отпадникот трае само за миг?   Иако неговото величие се издигнува до небесата+ и неговата глава стигнува до облаците,   тој исчезнува засекогаш како сопствениот измет,+ и оние што го виделе ќе речат: ‚Каде е?‘+   Ќе одлета како сон, и нема повеќе да го најдат, ќе биде истеран како ноќно видение.+   Окото што го гледало повеќе нема да го гледа,+ и неговото место повеќе нема да го види.+ 10  Неговите синови ќе им се умилкуваат на сиромасите, тој ќе го враќа своето богатство+ со своите раце. 11  Неговите коски се полни со младешка сила, но заедно со него ќе легнат во правта.+ 12  Ако му е злото слатко во устата, ако го топи под јазикот, 13  ако му е толку мило и не го пушта, ако го држи среде своето непце, 14  храната ќе му се преобрази во цревата, како кобрин отров ќе стане во него. 15  Проголтал богатство, но ќе мора да го изблуе, Бог ќе го истера од неговата утроба. 16  Ќе цица кобрин отров, јазикот на отровница ќе го убие.+ 17  Никогаш повеќе нема да види потоци,+ реки со мед и маст. 18  Ќе го врати имотот што го стекнал и не ќе може да го проголта, ќе му биде како богатство стекнато со трговија, во кое нема да ужива.+ 19  Зашто, угнетуваше и оставаше сиромаси, одземаше куќи што не ги беше изградил.+ 20  Зашто, нема да чувствува мир во утробата, неговото богатство нема да го избави.+ 21  Ќе нема повеќе што да проголта, затоа неговата благосостојба нема да потрае. 22  Во своето најголемо изобилие ќе има мака,+ несреќата ќе се нафрли врз него со сета сила. 23  Бог нека му го наполни стомакот, нека го испрати врз него својот распламтен гнев+ и нека го излее врз него како дожд, право во неговата утроба! 24  Од железно оружје ќе бега,+ бакарен лак ќе го прострела. 25  Стрела ќе му излезе низ грбот, блескав шилец низ жолчката,+ стравотии ќе тргнат против него.+ 26  Сета темнина ќе се чува за богатствата што ги има насобрано, ќе го проголта оган+ што никој не го разгорил, а оној од неговиот шатор што ќе преживее, лошо ќе си помине. 27  Небото ќе го открие неговиот престап,+ земјата ќе се побуни против него. 28  Силен дожд ќе му ја однесе куќата, порои ќе се излеат врз него во денот на Божјиот гнев.+ 29  Така поминува кај Бог оној што е зол,+ тоа е наследството што му го дава Бог“.

Фусноти

Буквално: „дух“.