Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 18:1-21

18  Тогаш Вилдад од Суј одговори:   „Кога ќе им ставите* крај на своите зборови? Вразумете се, па да зборуваме!   Зошто да нѐ сметаат за животни,+ па да бидеме нечисти во ваши очи?   Во својот гнев си ја раскинуваш душата. Зарем заради тебе ќе опустее земјата и карпата ќе се премести од своето место?   Ќе угасне светлината на злиот+ и нема да свети искрата на неговиот оган.   Светлината во неговиот шатор ќе потемни+ и светилката во неговиот шатор ќе угасне.   Неговите пргави чекори ќе бидат сопрени. Неговите замисли ќе го урнат.+   Зашто, неговата нога ќе го одведе во мрежа, тој ќе влезе во испреплетени јажиња.+   Стапица ќе го фати за петицата,+ замка+ ќе го стегне. 10  Скриена јамка го демне на земјата и стапица го чека  на неговата патека. 11  Ненадејни стравотии+ го плашат отсекаде и го прогонуваат во чекор. 12  Глад ја проголтува неговата сила, пропаста+ само чека да му ги спрепне нозете. 13  Најсмртоносна болест* ќе му ја јаде кожата, ќе му ги изеде рацете и нозете. 14  Неговата доверба ќе ја истргнат од неговиот шатор,+ стравотиите ќе го одведат кај царот на стравотиите. 15  Во неговиот шатор ќе се населат оние што не се негови, неговото живеалиште ќе биде посипано со сулфур.+ 16  Одоздола ќе му се исушат корењата,+ а одозгора ќе му овенат гранките. 17  И споменот за него ќе исчезне од земјата,+ и ќе нема име по улиците. 18  Ќе го турнат од светлина во темнина и ќе го истераат од плодната почва. 19  Ќе нема ни потомок ни рожба во својот народ,+ ќе нема преживеан на местото каде што живее. 20  Во денот на неговата неволја, луѓето на запад ќе гледаат запрепастено, и од страв ќе затреперат луѓето на исток. 21  Ете, тоа се шаторите на злосторникот, тоа е живеалиштето на оној што не го познава Бог“.

Фусноти

Користејќи множина, Вилдад веројатно мисли на Јов и на оние што се како него, или имаат наклоност кон него.
Буквално: „Првородениот на смртта“.