Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 17:1-16

17  Духот ми е скршен,+ моите денови гаснат, гробот ме чека.+   Навистина има потсмевање насекаде околу мене,+ моите очи постојано го гледаат околу себе нивното бунтовништво.   Те молам, заложи се за мене!+ Кој друг ќе ми даде рака+ и ќе се заложи за мене?   Од нивното срце ја скри разборитоста.+ Затоа нема да ги возвишиш.   Човек им го нуди својот имот на другарите, а им гаснат очите+ на неговите синови.   Бог предизвика народите да ме спомнуваат со презир,*+ па луѓето ми плукаат в лице.+   Окото ми потемне од тага,+ а деловите од моето тело станаа како сенка.   Справедливите го гледаат тоа со чудење, невините се лутат на отпадникот.   Праведникот цврсто се држи за својот пат,+ и кој има чисти раце,+ станува сѐ посилен.+ 10  А вие можете пак да почнете. Продолжете, ве молам, зашто не наоѓам мудар човек меѓу вас!+ 11  Поминаа моите дни,+ пропаднаа моите замисли,+ желбите на моето срце. 12  Ноќта ја правите ден,+ велејќи: ‚Сега е темно, но светлината е близу‘. 13  Ако чекам, гробот* ќе ми биде дом,+ во темнина+ ќе го постелам своето легло. 14  На гробната јама+ ќе ѝ речам: ‚Татко мој!‘, а на црвот:+ ‚Мајко моја, сестро моја!‘ 15  Тогаш, каде е мојата надеж?+ Мисли ли некој дека за мене има надеж? 16  Таа ќе отиде до портите на гробот,* кога сите заедно ќе слеземе во правот“.+

Фусноти

Буквално: „направи од мене прикаска (пословица) за народите“.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.