Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 16:1-22

16  Тогаш Јов одговори:   „Слушнав многу слични работи. Сите вие сте мачни тешители!+   Има ли крај на зборовите празни како ветар?+ Од каде таа горчина која те тера да одговараш?   И јас би можел да зборувам како вас. Камо да беа вашите души на местото на мојата душа! Мислите ли дека тогаш и јас ќе ви се нафрлев со сјајни зборови+ и ќе нишав со главата полн со презир кон вас?+   Јас ќе ве зајакнев со зборовите на својата уста+ и утехата од моите усни ќе донесеше олеснување...   Ако зборувам, болката не попушта,+ а ако престанам, ќе ми помине ли?   Но, сега Бог ме измори,+ ги фрли во пропаст сите што се собираа околу мене.   А освен тоа и ме зграпчи. За тоа сведочи+ мојата испиеност која подига глас против мене. Пред мои очи сведочи против мене.   Божјиот гнев ме распарчува, Бог негува непријателство кон мене.+ Против мене чкрта со забите.+ Мојот противник сека со очите против мене.+ 10  Ширум ги раззинуваат устите против мене,+ ме удираат по образите со потсмев, во голем број се собираат против мене.+ 11  Бог ме предава на деца, ме фрла во рацете на зли луѓе.+ 12  Мирно живеев, а тој ме растресе,+ ме фати за врат и ме скрши, и ме постави на нишан. 13  Неговите стрелци+ ме опколија, тој ги прободува моите бубрези+ и нема сочувство, ми ја истура на земја жолчката. 14  Ме пробива и пробива како некој ѕид, како јунак се нафрла на мене.+ 15  Сошив козина+ преку својата кожа, својот рог го зарив во правта.+ 16  Лицето ми поцрвене од плачење,+ на веѓите имам густа темнина,+ 17  иако нема зло во моите раце и мојата молитва е чиста.+ 18  Земјо, немој да ја покриеш мојата крв!+ Нека не стивне моето викање! 19  И сега, еве, на небесата е оној што сведочи за мене, мојот сведок е во висините.+ 20  Моите пријатели ме застапуваат, а зборуваат против мене;+ моето око без сон гледа кон Бог.+ 21  Треба да се одлучи помеѓу човек и Бог, како и помеѓу синот човечки и неговиот ближен.+ 22  Зашто, преостанаа уште малку години, и ќе тргнам на пат од кој нема да се вратам.+

Фусноти