Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 15:1-35

15  Тогаш Елифаз од Теман одговори:   „Зар мудар човек ќе одговара со знаење празно како ветар?+ Зар ќе си го наполни стомакот со источен ветар?+   Укорувањето со зборови нема да користи, и зборувањето само по себе нема да помогне.   Но, ти го обессилуваш стравот од Бог и го поткопуваш секое размислување за Бог.   Зашто, твојот престап ја учи твојата уста, го избираш јазикот на лукавите.   За злобен те прогласува твојата уста, а не јас, твоите усни сведочат против тебе.+   Зар си ти првиот човек што се родил?+ Зар си роден пред ридовите?+   Зар ти ги слушаш Божјите тајни?+ Зар само ти имаш мудрост?   Што е тоа што ти го знаеш, а не го знаеме ние?+ Што е тоа што го разбираш ти, а не го разбираме и ние? 10  Меѓу нас има и седокоси и стари,+ постари и од татко ти. 11  Зарем не ти се доволни Божјите утехи или кога ќе ти се каже благ збор? 12  Зошто те занесува срцето, зошто ти секаат очите? 13  Затоа што го свртуваш својот дух против Бог, ги пушташ зборовите да ти излегуваат од уста. 14  Што е смртниот човек за да биде чист,+ и може ли некој, кого го родила жена, да биде праведен? 15  Гледај, тој не им верува на своите свети слуги,+ дури ни небесата не ги смета за чисти,+ 16  а тогаш, како ли гледа на оној што е одвратен и расипан,+ на човекот што пие неправедност како вода! 17  Јас ќе ти кажам. Послушај ме!+ Дозволи ми да ти го раскажам она што го видов, 18  она што го зборуваат мудрите+ и не го кријат, кое го примиле од своите татковци. 19  Ним лично им беше дадена земјата, и туѓинец не помина низ неа. 20  Злобниот се мачи во сите свои дни, во сите години што се наменети за насилникот. 21  Во ушите му е звукот на стравотиите; кога е во мир, разбојникот доаѓа против него.+ 22  Не верува дека ќе се врати од темнината,+ наменет е за меч. 23  Талка во потрага по леб, се прашува: ‚Каде е?‘+ Добро знае дека му се ближи денот на темнината.+ 24  Го плашат неволјата и тегобата,+ навалуваат на него како цар готов за напад. 25  Затоа што крена рака на Бог, сака да се воздигне над Семоќниот,+ 26  и навалува тврдоглаво* на него, со дебелите грпки на своите штитови, 27  и затоа што со својата згоеност си го прекрива лицето и го трупа салото на своите бедра,+ 28  тој живее во градови што ќе бидат уништени, во куќи во кои нема повеќе да се живее, во она што е одредено да се претвори во купишта камења. 29  Тој нема да се збогати и неговото богатство нема да расте, нема да го шири по земјата злосторничкиот имот.+ 30  Нема да ѝ избега на темнината, пламен ќе ја исуши неговата фиданка, здивот од Божјата уста ќе го однесе.+ 31  Нека не ѝ верува на ништожноста, мамејќи се, зашто за возврат ќе добие ништожност, 32  ќе му биде исплатена пред да дојде неговиот ден. Неговата гранка нема да се зеленее.+ 33  Како лоза ќе го истресе своето незрело грозје, како маслинка ќе ги отфрли своите цветови. 34  Зашто, отпадничкото мноштво е неплодно,+ оган ќе ги проголта шаторите во кои се прима мито.+ 35  Се зачнува неволја и се раѓа зло,+ нивната утроба подготвува измама“.

Фусноти

Или: „тврдоврато“.