Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 13:1-28

13  Ете, сето тоа го виде моето око, моето уво го чу и му обрна внимание.   Тоа што го знаете вие, и јас добро го знам, не сум полош од вас.+   Но, би сакал да му се обратам на Семоќниот,+ би ми било задоволство да разговарам со Бог.   А вие со лаги ги оцрнувате другите,+ сите вие сте безвредни лекари.+   Барем да молкневте, и така да покажевте мудрост!+   Слушнете ги, ве молам, доказите што ќе ви ги изнесам,+ послушајте ја одбраната на моите усни.   Зар, бранејќи го Бог, ќе зборувате неправда, зар, бранејќи го, ќе кажувате измама?+   Зар ќе бидете пристрасни кон него?+ Зар ќе му бидете бранители на вистинскиот Бог?   Би поминале ли добро ако тој ве испита?+ Зар ќе го мамите него како што се мами смртен човек? 10  Тој навистина ќе ве укори+ ако сакате тајно да бидете пристрасни.+ 11  Зар не ве плаши неговото величие и зар не ве обзема страв од него?+ 12  Вашите незаборавни зборови се изреки од пепел, вашите штитови се штитови од глина.+ 13  Молчете и оставете ме, оставете ме да зборувам, а потоа нека ме снајде што сака! 14  Зошто е загрозен мојот живот, зошто е во опасност мојата душа?*+ 15  Да сакаше и да ме убие, јас ќе чекав.+ Сепак, би ги бранел своите патишта пред неговото лице, 16  и тој би ми бил спасение,+ зашто отпадникот не може да дојде пред него.+ 17  Слушајте ги внимателно моите зборови,+ нека ви допре до уши она што ќе ви го кажам. 18  Послушајте, ве молам! Ја образложив својата парница+ и добро знам дека имам право. 19  Кој ќе се препира со мене?+ Ако продолжам да молчам, ќе издивнам! 20  Само овие две работи ги барам, па нема да се кријам од тебе:+ 21  тргни ја раката од мене и нека не ме плаши стравот од тебе!+ 22  Ти повикај ме, а јас ќе ти одговорам, или дозволи ми јас да зборувам, а ти одговарај ми! 23  Какви престапи и гревови сум направил? Покажи ми го мојот бунтовнички престап и мојот грев! 24  Зошто го свртуваш лицето+ и гледаш непријател во мене?+ 25  Зар ќе тресеш лист што го носи ветрот? Зар ќе гониш сува сламка? 26  Зашто, пишуваш горчливи зборови против мене+ и ми ги даваш во наследство последиците од престапите на мојата младост.+ 27  Нозете ми ги држиш во клада+ и внимаваш на сите мои патеки, им означуваш граница на моите стапала. 28  А јас сум* како гнилеж што се распаѓа,+ како облека што ја јаде молец.+

Фусноти

Буквално: „Зошто го носам своето тело (месо) во своите заби и ја ставам својата душа на својата дланка?“
Буквално: „тој е“.