Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 12:1-25

12  Тогаш Јов одговори:   „Навистина, вие сте големи луѓе — со вас ќе изумре мудроста!+   И јас имам срце+ како и вие. Не сум полош од вас,+ и кој не знае за овие работи?   Им станав за потсмев на своите ближни,+ човек кој го повикува Бог да му одговори.+ За потсмев е праведникот, непорочниот* човек.   Безгрижниот човек ѝ се исмејува на пропаста,+ мислејќи дека тоа ги чека оние на кои им се тресат нозете.+   Шаторите на разбојниците се спокојни,+ оние што го гневат Бог исто така се безбедни, како и оние што си го носат в рака својот бог.+   Но, прашај ја, те молам, стоката, и таа ќе те поучи,+ и небесните крилести суштества, и тие ќе ти кажат!+   Интересирај се за земјата, и таа ќе те поучи,+ морските риби+ ќе ти раскажат!   Кој од сите нив не знае дека сето тоа го направила раката на Јехова?+ 10  А во негова рака е душата+ на сѐ живо и духот на секое човечко тело.+ 11  Зарем увото не ги испитува зборовите+ како што непцето+ ја вкусува храната? 12  Зарем нема мудрост меѓу старците+ и зарем не донесува разумност* долгиот живот? 13  Во Бог се мудроста и моќта,+ тој има совет и разборитост.*+ 14  Еве, она што тој ќе го урне, не може да се изгради;+ она што тој ќе го затвори пред човекот, не може да се отвори.+ 15  Еве, тој ги запира водите, и тие пресушуваат,+ ги пушта, и тие ја преобразуваат земјата.+ 16  Во него се силата и мудроста,*+ негов е и оној што греши и оној што ги заведува другите.+ 17  Тој ги наведува советниците да одат боси+ и ги полудува судиите. 18  Им ги разврзува врските на царевите+ и им ги препашува колковите со појас. 19  Ги наведува свештениците да одат боси+ и ги соборува оние што заседнале на своите места.+ 20  Им го зема зборот на доверливите советници и им ја одзема разумноста на старците. 21  Излева презир врз достоинствениците+ и им го распашува појасот на моќните. 22  Тој ги разоткрива длабочините од темнината+ и ја изведува на светлина густата темнина. 23  Тој ги прави народите големи, а потоа ги сотира;+ ги шири народите, а потоа ги одведува во изгнанство. 24  Тој им го одзема разумот* на главатарите на земниот народ,* па ги остава да талкаат по пусти места,+ каде што нема пат. 25  Тие пипаат во темнина,+ каде што нема светлина, а тој ги остава да талкаат наоколу како пијаници.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Или: „делотворната (практична, применлива) мудрост“.
Буквално: „срцето“.
Или: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).