Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 10:1-22

10  Ѝ одмилеа животот на мојата душа.+ Отворено ќе ја изразам грижата што ја чувствувам поради својата состојба. Ќе зборувам од горчина во душата.   Ќе му речам на Бог: ‚Немој да ме прогласиш за зол!‘ Објасни ми зошто се спориш со мене!   Имаш ли корист од тоа што правиш неправда,+ што го отфрлаш делото од трудот на своите раце+ и со благонаклоност гледаш на намерите на злите?   Дали имаш телесни очи?+ Гледаш ли ти како што гледа смртен човек?+   Дали се твоите денови како деновите на смртниот човек,+ и твоите години како човечките денови,   па трагаш по мојот престап и го бараш мојот грев?+   И го правиш тоа иако знаеш дека не сум виновен,+ а нема кој да ме избави од твојата рака.+   Твоите раце го обликуваа и го направија+ секое мое делче, а сега ме проголтуваш.   Сети се, те молам, дека си ме направил од глина+ и ќе ме вратиш во прав.+ 10  Зар не ме излеа како млеко и направи да се згуснам како сирење?+ 11  Ме облече со кожа и со месо, ме сплете со коски и со жили.+ 12  Ми подари живот и милост.*+ Твојата грижливост+ го чува мојот дух. 13  Но, во своето срце ти го скри ова, и добро знам дека тоа беше твојата намера. 14  Ако сум згрешил, а ти си ме гледал+ и не мислиш дека сум невин за мојот престап,+ 15  ако сум виновен, тешко мене!+ А ако имам право, не смеам да кренам глава+ сит со срам и напоен со неволја.+ 16  Ако се возгордее мојата глава,+ ти ќе ме гониш како млад лав,+ и пак ќе го покажеш на мене своето величество. 17  Пред мене ќе доведеш нови сведоци и твојот гнев кон мене ќе биде уште поголем. Неволја по неволја ме снаоѓа. 18  Зошто ме извади од мајчината утроба?+ Камо да издивнев, па да не ме видеше ниту едно око! 19  Ќе бев како да не сум постоел никогаш, од мајчината утроба ќе ме однесеа в гроб!‘ 20  Зарем не се малку моите денови?+ Нека ме пушти, нека го одврати погледот од мене, да се разведрам+ малку 21  пред да отидам онаму од каде што нема да се вратам,+ во земјата на мракот и на густата темнина,+ 22  во земја црна како темнината, земја на густата темнина и на безредието, каде што светлината е иста со темнината!“

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.