Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 1:1-22

1  Во земјата Уз+ живееше еден човек, кој се викаше Јов.*+ Тој човек беше непорочен*+ и праведен,+ се боеше од Бога+ и го одбегнуваше злото.+  И му се родија седум синови и три ќерки.+  Од стока+ имаше: седум илјади овци, три илјади камили, петстотини чифта говеда и петстотини магарици, како и мошне многу слуги. Тој човек беше најголемиот од сите луѓе на Истокот.+  А неговите синови одеа на гозби+ што ги приредуваше секој од нив наизменично во својата куќа, секој во својот ден. Испраќаа да ги викнат трите нивни сестри и ги повикуваа да јадат и да пијат со нив.  А кога ќе се изредеа деновите на гозбите, Јов испраќаше да ги викнат, па ги посветуваше.+ Ќе станеше рано наутро и ќе принесеше жртви паленици+ за секого од нив, зашто, Јов си велеше: „Можеби моите синови згрешиле и го проколнале+ Бог во своето срце“.+ Јов го правеше ова секогаш.+  И дојде денот што беше одреден за синовите* на Јехова, вистинскиот Бог,+ да застанат пред него,+ а меѓу нив+ дојде и Сатана.*  Тогаш Јехова го праша Сатана: „Од каде доаѓаш?“ А Сатана му одговори на Јехова: „Минував низ земјата+ и ја обиколував“.+  Јехова, пак, му рече на Сатана: „Дали го забележа мојот слуга Јов? На земјата нема таков како него+ — човек беспрекорен+ и праведен,+ кој се бои од Бога+ и го одбегнува злото“.+  Тогаш Сатана му одговори на Јехова: „Зарем Јов залудно се бои од Бог?+ 10  Зарем ти не ги огради и него+ и неговата куќа и сѐ што има секаде наоколу? Го благослови+ делото на неговите раце, и неговата стока се намножи по земјата. 11  Туку, те молам, пружи ја раката и допри сѐ што има, па види дали нема да те проколне в лице!“+ 12  Тогаш Јехова му рече на Сатана: „Еве, сѐ што има е во твои раце. Само врз него не кревај рака!“ И Сатана си замина од пред лицето на Јехова.+ 13  А еден ден неговите синови и ќерки јадеа и пиеја вино во куќата на својот најстар брат.+ 14  И дојде гласник+ кај Јов и рече: „Говедата ораа,+ а магариците пасеа покрај нив 15  кога нападнаа Савејците+ и ги грабнаа, а слугите ги убија со сечилото на мечот. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“.+ 16  Додека тој уште зборуваше, дојде друг и рече: „Оган Божји слезе од небото+ и се распламти меѓу овците и слугите, па ги проголта. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“. 17  Додека тој уште зборуваше, дојде трет и рече: „Халдејците+ се наредија во три чети, ги нападнаа камилите и ги грабнаа, а слугите ги погубија со сечилото на мечот. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“. 18  Додека тој уште зборуваше, дојде четвртиот и рече: „Твоите синови и ќерки јадеа и пиеја вино+ во куќата на својот најстар брат. 19  И гледај, се подигна силен ветар+ откај пустинскиот крај и удри на четирите агли од куќата, така што падна врз децата и тие загинаа. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“. 20  Тогаш Јов стана и си ја раскина+ облеката, си ја истрижа главата,+ па падна на земја,+ се поклони+ 21  и рече: „Гол излегов од утробата+ на мојата мајка, гол и ќе се вратам таму.+ Јехова даде,+ Јехова и зеде.+ Нека биде благословено името Јеховино!“+ 22  Во сето тоа Јов не згреши и не рече ништо лошо за Бог.+

Фусноти

„Јов“ значи „мразен“. Во 1Мо 46:13 истото име го носи друга личност.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Или: „ангелите“, според Септуагинтата.
Или: „Противникот“ (хебрејски: хасСатан). Одредениот член, кој е употребен во хебрејскиот јазик, покажува дека со изразот „Сатана“ се мисли на точно одредена личност.