Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јован 3:1-36

3  А меѓу фарисеите имаше еден човек кој се викаше Никодим+ и беше еден од еврејските поглавари.  Тој дојде ноќе+ кај него и му рече: „Учителе,*+ знаеме дека ти си учител+ дојден од Бог,+ зашто никој не може да ги прави чудесните знаци+ што ги правиш ти ако не е со него Бог“.+  Исус му рече:+ „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди повторно,+ не може да го види Божјето царство“.+  А Никодим го праша: „Како може човек да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на својата мајка и да се роди?“  Исус одговори: „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди од вода+ и дух,+ не може да влезе во Божјето царство.  Роденото од тело е тело‚ а роденото од дух е дух.+  Не чуди се што ти реков: ,Мора да се родите повторно‘.+  Ветрот+ дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, но не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Таков е секој што е роден од духот“.+  Тогаш Никодим го праша: „Како може да биде тоа?“ 10  Исус му одговори: „Ти си учител на Израел, и не го знаеш тоа?+ 11  Вистина, вистина, ти велам, го зборуваме она што го знаеме, и сведочиме за она што сме го виделе,+ но вие не го примате нашето сведоштво.+ 12  Ако не верувате кога ви зборувам за она што е земно, како ќе верувате ако ви зборувам за она што е небесно?+ 13  Никој не се вознел на небото,+ освен оној што слезе од небото,+ Синот човечки.+ 14  И како што Мојсеј во пустината ја подигна змијата на столб,+ така мора да биде подигнат и Синот човечки,+ 15  за секој што верува во него да има вечен живот.+ 16  Зашто, Бог толку многу го сакаше+ светот што го даде својот единороден Син,+ за секој што верува+ во него да не биде уништен,+ туку да има вечен живот.+ 17  Зашто, Бог не го испрати својот Син во светот за тој да го осуди+ светот, туку светот да се спаси+ преку него. 18  Кој верува во него, нема да биде осуден.+ Кој не верува, веќе е осуден, бидејќи не верувал во името на единородниот Син Божји.+ 19  А ова е темелот за осуда: светлината+ дојде во светот,+ но луѓето ја сакаа темнината, а не светлината,+ зашто нивните дела беа зли. 20  Зашто, оној што прави зло+ ја мрази светлината и не доаѓа кај светлината за да не бидат разоткриени неговите дела.+ 21  Но оној што го прави она што е исправно, доаѓа кај светлината+ за да се види дека неговите дела се направени во согласност со Божјата волја“. 22  Потоа, Исус и неговите ученици отидоа во јудејскиот крај. Таму се задржа со нив некое време и крштаваше.+ 23  Но и Јован+ крштаваше, во Енон, близу Салим, бидејќи таму имаше многу вода,+ и луѓето доаѓаа и се крштаваа.+ 24  Тоа беше пред Јован да биде фрлен в затвор.+ 25  Тогаш Јовановите ученици почнаа да се препираат со некој Евреин околу очистувањето.+ 26  И така дојдоа кај Јован и му рекоа: „Учителе,* оној што беше со тебе од онаа страна на Јордан, за кого ти сведочеше,+ ене, тој крштава и сите одат кај него“.+ 27   А Јован рече: „Човек не може ништо да прими ако не му е дадено од небото.+ 28  Самите вие сте ми сведоци дека реков: ‚Јас не сум Христос,*+ туку сум испратен пред него‘.+ 29  Кој ја има невестата, тој е младоженецот.+ А пријателот на младоженецот, кога стои и го слуша, многу се радува поради гласот на младоженецот. Така и јас се радувам, и мојата радост е потполна.+ 30  Тој мора да расте, а јас мора да се смалувам“. 31  Кој доаѓа одозгора, тој е над сите останати.+ Кој е од земјата, тој е земен и зборува за она што е земно.+ Кој доаѓа од небото, тој е над сите останати.+ 32  За она што го видел и го чул, за тоа сведочи,+ но никој не го прифаќа неговото сведоштво.+ 33  Кој го прифаќа неговото сведоштво, потврдува дека Бог ја зборува вистината.+ 34  Навистина, оној кого Бог го испрати ги зборува Божјите зборови,+ бидејќи Бог не го дава духот со мерка.+ 35  Таткото го сака+ Синот и сѐ предаде во неговите раце.+ 36  Кој верува+ во Синот, има вечен живот.+ Кој не му е послушен на Синот, нема да види живот,+ туку Божјиот гнев останува врз него.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.