Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јован 21:1-25

21  Потоа, Исус пак им се покажа на учениците на Тиверијадското Море. Се покажа вака:  Заедно беа Симон Петар и Тома, наречен Близнак,+ и Натанаел+ од Кана Галилејска, и Зеведеевите синови,+ и уште двајца негови ученици.  Симон Петар им рече: „Одам да ловам риба“. А тие му рекоа: „Одиме и ние со тебе“. Така излегоа и влегоа во чамецот, но таа ноќ ништо не уловија.+  А само што осамна, Исус застана на брегот, но учениците не го познаа дека е Исус.+  Тогаш Исус ги праша: „Дечиња, зар немате ништо за јадење?“ Му одговорија: „Немаме!“  А тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на чамецот и ќе најдете!“+ И ја фрлија, но повеќе не можеа да ја извлечат од многу риби.+  Тогаш оној ученик, кого Исус особено го сакаше,+ му рече на Петар:+ „Тоа е Господарот!“ Кога Симон Петар чу дека тоа е Господарот, ја облече и си ја препаша облеката, зашто се беше расоблекол,* и скокна во морето.  А другите ученици дојдоа со чамецот, влечејќи ја мрежата со риби, зашто не беа далеку од копното, само околу двесте лакти.*  Кога излегоа на копното, видоа жар,+ на кој се печеше риба, и леб. 10  И Исус им рече: „Донесете малку од рибите што ги уловивте сега!“ 11  Тогаш Симон Петар влезе во чамецот и ја извлече на копно мрежата полна со големи риби, а ги имаше сто педесет и три. Но, макар што беа толку многу, мрежата не се скина. 12  Тогаш Исус им рече: „Дојдете, појадувајте!“+ А никој од учениците не се осмели да го праша: „Кој си ти?“, зашто знаеја дека е Господарот. 13  А Исус дојде и го зеде лебот и им го даде,+ а исто така и рибите. 14  Тоа беше веќе третпат+ Исус да им се покаже на учениците откако беше подигнат од мртвите. 15  По појадокот, Исус го праша Симон Петар: „Симоне, сине Јованов, ме сакаш* ли повеќе отколку овие?“+ Тој му одговори: „Да, Господару, ти знаеш дека те сакам“.*+ Тогаш тој му рече: „Храни ги моите јагниња!“+ 16  И пак го праша, по вторпат: „Симоне, сине Јованов, ме сакаш* ли?“+ Тој му одговори: „Да, Господару, ти знаеш дека те сакам“.* Тогаш тој му рече: „Паси ги моите овчички“.+ 17  И по третпат го праша: „Симоне, сине Јованов, ме сакаш* ли?“ А Петар се нажали што по третпат го праша: „Ме сакаш ли?“ Затоа му одговори: „Господару, ти знаеш сѐ,+ ти знаеш дека те сакам“.* Тогаш Исус му рече: „Храни ги моите овчички!+ 18  Вистина, вистина, ти велам, кога беше помлад, сам се опашуваше и одеше каде што сакаше. А кога ќе остариш, ќе ги рашириш рацете и други ќе те опашуваат+ и ќе те водат таму каде што не сакаш“.+ 19  А тоа го рече за да навести со каква смрт+ Петар ќе го прослави Бог.+ Потоа му рече: „Оди по мене!“+ 20  А Петар се заврте и виде дека по нив оди ученикот кого Исус особено го сакаше+ и кој на вечерата беше навален на неговите гради и праша: „Господару, кој е тој што ќе те предаде?“ 21  Кога го здогледа, Петар го праша Исус: „Господару, што ќе биде со него?“ 22  Исус му одговори: „Ако јас сакам тој да остане додека не дојдам,+ што се грижиш ти за тоа? Ти оди по мене!“ 23  Поради тоа се разнесе глас меѓу браќата дека тој ученик нема да умре. Но Исус не му рече дека нема да умре, туку: „Ако јас сакам тој да остане+ додека не дојдам, што се грижиш ти за тоа?“ 24  Овој е тој ученик+ кој сведочи за сето тоа и го запиша. И знаеме дека неговото сведоштво е вистинито.+ 25  А има и многу други работи што ги направи Исус, и кога би се запишале сите поединости, мислам дека ниту целиот свет не би можел да ги собере свитоците што би се напишале.+

Фусноти

Буквално: „зашто беше гол“.
Нешто помалку од 100 метри. Види го додатокот 13.
„Сакаш“ (агапа́с) е превод на еден грчки глагол изведен од именката ага́пи (љубов).
„Те сакам“ (фило́ се) е превод на еден грчки глагол изведен од именката фили́а (љубов).
Грчки: агапа́с.
Грчки: фило́ се.
Грчки: фили́с ме.
Грчки: фило́ се.