Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јован 2:1-25

2  А на третиот ден имаше свадба во Кана+ Галилејска, и мајка му+ на Исус беше таму.  На свадбата беа поканети и Исус и неговите ученици.  Кога почна да снемува вино, мајка му+ му рече на Исус: „Немаат вино“.  Исус ѝ одговори: „Што имам јас со тоа, жено?*+ Мојот час уште не дошол“.+  Тогаш мајка му им рече на послужителите: „Сѐ што ќе ви каже, направете!“+  А таму беа поставени шест камени ќупови за вода, кои Евреите ги користеа за обредно чистење,+ а собираа по две до три мери.*  Исус им рече: „Наполнете ги ќуповите со вода!“ И ги наполнија до врвот.  Потоа им рече: „Нацрпете сега и однесете му на управителот на масата!“ И му однесоа.  А управителот на масата, кога ја вкуси водата претворена во вино+ — тој не знаеше од каде е, но послужителите што нацрпија од водата знаеја — го повика младоженецот 10  и му рече: „Секој човек најпрво го изнесува доброто вино,+ а кога луѓето ќе се опијат, полошото. А ти си го чувал доброто вино сѐ досега“. 11  И така Исус го направи своето прво чудо во Кана Галилејска и ја објави својата слава.+ И неговите ученици поверуваа во него. 12  Потоа, тој со својата мајка, браќата+ и учениците отиде во Капернаум.+ Таму останаа само неколку дена. 13  Се приближуваше еврејската Пасха+ и Исус отиде во Ерусалим.+ 14  Во храмот ги затече оние што продаваа говеда, овци и гулаби,+ како и менувачите на пари како седат таму. 15  И откако направи бич од јажиња, ги истера од храмот сите нив сосе овците и говедата, и им ги истури парите на менувачите на пари и им ги испреврте масите.+ 16  И им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде! Не правете од домот+ на мојот Татко трговска куќа!“+ 17  А неговите ученици се сетија на напишаното: „Ревноста за твојот дом ќе ме изеде“.+ 18  Затоа Евреите го прашаа: „Со каков чудесен знак+ ќе ни покажеш дека смееш да го правиш тоа?“ 19  Исус им одговори: „Урнете го овој храм+ и јас за три дена ќе го подигнам“. 20  А Евреите рекоа: „Овој храм се градел четириесет и шест години, а ти ќе го подигнеш за три дена?“ 21  Но храмот+ за кој зборуваше беше неговото тело. 22  Кога стана од мртвите, неговите ученици се сетија+ дека го зборуваше тоа, и му поверуваа на Писмото и на зборот што го рече Исус. 23  А кога на празникот+ Пасха беше во Ерусалим, мнозина поверуваа во неговото име+ кога ги видоа чудесните знаци што ги правеше.+ 24  Но Исус немаше доверба во нив,+ затоа што ги познаваше сите 25  и никој не требаше да му сведочи за човекот, зашто самиот знаеше што му е на човекот во срцето.+

Фусноти

Исус употребил идиом, со кој не се искажува непочитување, туку само несогласување со претходно реченото. Острината на тоа прашање е ублажена со изразот „жено“, бидејќи на грчки тој збор не звучи службено, туку со него се изразува почит и наклоност.
Со изразот „мера“ веројатно се мисли на „бат“, кој содржел околу 22 литри. Види го додатокот 13.