Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Јован 16:1-33

16  Ова ви го зборував за да не се поколебате во верата.+  Ќе ве исклучуваат од синагогите.+ Всушност, доаѓа часот кога секој што ќе ве убие ќе мисли дека му служи* на Бог.+  Но тоа ќе го прават затоа што не го запознале ниту Таткото ниту мене.+  Ова ви го зборував, та кога ќе дојде часот, да се сетите дека сум ви го рекол.+ Ова не ви го кажав во почетокот, бидејќи бев со вас.  А сега одам кај оној што ме испрати,+ и никој од вас не ме прашува: ‚Каде одиш?‘  Туку, жалост+ ги исполни вашите срца бидејќи ви го кажав ова.  Но ви ја кажувам вистината: за ваше добро е што си заминувам. Зашто, ако не си заминам, помошникот*+ нема да дојде кај вас, но ако си заминам, ќе ви го испратам.  А тој, кога ќе дојде, ќе му покаже на светот што е грев, што е праведност, а што осуда:+  што е грев,+ зашто не веруваат во мене;+ 10  што е праведност,+ зашто одам кај Таткото и повеќе нема да ме видите; 11  и што е осуда,+ зашто владетелот на овој свет е осуден.+ 12  Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите.+ 13  Но кога ќе дојде тој, духот на вистината,+ ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува сам од себе, туку ќе го зборува она што го слуша, и ќе ви го објави она што доаѓа.+ 14  Тој ќе ме прослави,+ бидејќи ќе го земе она што ќе го чуе од мене и тоа ќе ви го објави.+ 15  Сѐ што има Таткото, мое е.+ Затоа реков дека тој прима од она што е мое и дека тоа ви го објавува. 16  Уште малку, и повеќе нема да ме видите,+ и пак уште малку, па ќе ме видите“. 17  Затоа некои од неговите ученици се прашаа еден со друг: „Што значи тоа што ни вели: ‚Уште малку, и нема да ме видите, и пак уште малку, па ќе ме видите‘ и ‚зашто одам кај Таткото‘?“ 18  Затоа си зборуваа: „Што значи тоа што вели ‚уште малку‘? Не знаеме за што зборува“. 19  А Исус знаеше+ дека сакаат да го прашаат за тоа, па им рече: „Се прашувате ли еден со друг затоа што реков: уште малку, и нема да ме видите, и пак уште малку, па ќе ме видите? 20  Вистина, вистина, ви велам, вие ќе плачете и ќе тажите, а светот ќе се радува. Вие ќе тажите,+ но вашата тага ќе се претвори во радост.+ 21  Жената е тажна кога раѓа, зашто ѝ дошол часот,+ но кога ќе се роди детето, не се сеќава веќе на маката, од радост што се родил човек на светот. 22  Така и вие сега сте натажени, но повторно ќе ве видам, и вашите срца ќе се радуваат,+ и никој нема да ви ја одземе радоста. 23  Во тој ден+ нема ништо да ме прашате. Вистина, вистина, ви велам, што и да побарате од Таткото,+ ќе ви даде во мое име.+ 24  Досега не сте барале ништо во мое име. Барајте, и ќе добиете, за да биде вашата радост потполна!+ 25  Ова ви го зборував во споредби.+ Доаѓа часот кога нема повеќе да ви зборувам во споредби, туку отворено ќе ви зборувам за Таткото. 26  Во тој ден ќе молите во мое име. Не ви велам дека јас ќе го молам Таткото за вас. 27  Имено, самиот Татко ве сака бидејќи вие ме сакавте мене+ и ми верувавте дека јас излегов како застапник на Таткото.+ 28  Излегов откај Таткото и дојдов во светот. Сега го напуштам светот и заминувам кај Таткото“.+ 29  А неговите ученици рекоа: „Еве, сега зборуваш отворено и не кажуваш никаква споредба. 30  Сега знаеме дека знаеш сѐ+ и дека никој не треба ништо да те прашува.+ Затоа веруваме дека си излегол откај Бог“.+ 31  Исус им одговори: „Сега ли верувате? 32  Еве, доаѓа часот, и веќе дошол, кога ќе се распрснете, секој во својата куќа,+ и ќе ме оставите сам. Но јас не сум сам, бидејќи Таткото е со мене.+ 33  Ова ви го реков за да имате мир преку мене.+ Во светот имате неволја, но бидете храбри, јас го победив светот!“+

Фусноти

Или: „врши света служба“.
Или: „утешителот“.