Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Јован 15:1-27

15  Јас сум вистинската лоза,+ а мојот Татко е лозарот.+  Секоја прачка на мене што не носи плод, тој ја отстранува,+ а секоја што носи плод, ја чисти+ за да донесе повеќе плод.+  Вие сте веќе чисти поради Божјата реч што ви ја зборував.+  Останете во единство со мене, и јас ќе останам во единство со вас.+ Како што прачката не може да донесе плод сама од себе, ако не остане на лозата, така не можете ни вие, ако не останете во единство со мене.+  Јас сум лозата, вие сте прачките. Кој останува во единство со мене и јас во единство со него, тој донесува многу плод,+ зашто одвоени од мене не можете да направите ништо.  Ако некој не остане во единство со мене, ќе биде исфрлен надвор како бескорисна прачка, па ќе се исуши. Тогаш таквите прачки се собираат и се фрлаат во оган, па изгоруваат.+  Ако останете во единство со мене и ако моите зборови останат во вас, замолете за што и да сакате, и ќе ви се случи.+  Мојот Татко се прославува ако донесувате многу плод и ако сте мои ученици.+  Како што Таткото ме сакаше мене+ така и јас ве сакав вас. Останете во мојата љубов! 10  Ако ги држите моите заповеди,+ ќе останете во мојата љубов, како што јас ги држев заповедите на Таткото+ и останувам во неговата љубов. 11  Ова ви го зборував за да биде мојата радост во вас, и вашата радост да биде потполна.+ 12  Ова е мојата заповед: сакајте се еден со друг како што јас ве сакав вас!+ 13  Никој нема поголема љубов од оваа: да го даде својот живот* за своите пријатели.+ 14  Вие сте мои пријатели ако го правите она што ви го заповедам.+ 15  Повеќе не ве нарекувам робови, бидејќи робот не знае што прави неговиот господар. Ве нарекувам пријатели,+ бидејќи ви објавив сѐ што чув од мојот Татко.+ 16  Вие не ме избравте мене, туку јас ве избрав вас, и ве одредив да одите и да донесувате плод+ и вашиот плод да остане, та што и да побарате од Таткото во мое име, да ви даде.+ 17  Ова ви го заповедам: сакајте се еден со друг!+ 18  Ако светот ве мрази, знајте дека мене ме мразеше пред вас.+ 19  Да бевте дел од светот, светот ќе ве сакаше зашто ќе бевте негови.+ Но бидејќи не сте дел од светот,+ туку јас ве избрав од светот, затоа светот ве мрази.+ 20  Сеќавајте се на зборовите што ви ги кажав: ‚Робот не е поголем од својот господар‘. Ако ме прогонуваа мене, ќе ве прогонуваат и вас,+ ако ги држеа моите зборови, ќе ги држат и вашите. 21  Но сето тоа ќе ви го прават поради моето име, бидејќи не го познаваат оној што ме прати.+ 22  Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев,+ но сега немаат изговор за својот грев.+ 23  Кој ме мрази мене, го мрази и мојот Татко.+ 24  Да не ги направев меѓу нив делата што никој друг не ги има направено,+ немаше да имаат грев,+ но сега ги видоа, па нѐ замразија и мене и мојот Татко.+ 25  Но тоа е за да се исполнат зборовите напишани во нивниот Закон: ‚Ме мразеа без причина‘.+ 26  Кога ќе пристигне помошникот,* кого јас ќе ви го испратам од Таткото,+ духот на вистината, кој доаѓа од Таткото, тој ќе сведочи за мене,+ 27  а и вие ќе сведочите,+ бидејќи од почетокот бевте со мене.

Фусноти

Буквално: „душа“.
Или: „утешителот“.