Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јован 10:1-42

10  „Вистина, вистина, ви велам, кој не влегува во овчото трло низ вратата,+ туку се прекачува на некое друго место, тој е крадец и разбојник.+  А оној што влегува низ вратата+ е пастирот+ на овците.+  Нему вратарот+ му отвора, и овците+ го слушаат неговиот глас. Тој ги вика своите овци по име и ги изведува.  А кога ќе ги изведе сите свои, оди пред нив, и овците одат по него,+ бидејќи го познаваат неговиот глас.+  А по туѓинец нема да одат, туку ќе бегаат+ од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците“.+  Исус им ја кажа оваа споредба, но тие не сфатија што сакаше да им каже со тоа.+  Затоа Исус повторно рече: „Вистина, вистина, ви велам, јас сум им врата+ на овците.  Сите што дојдоа пред мене се крадци и разбојници,+ но овците не ги слушаа.+  Јас сум вратата.+ Кој ќе влезе низ мене, ќе биде спасен. Ќе влегува и ќе излегува, и ќе најде пасиште.+ 10  Крадецот+ доаѓа само за да украде, да заколе и да уништи.+ Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие. 11  Јас сум добриот пастир.+ Добриот пастир го полага својот живот за овците.+ 12  Наемникот,+ кој не е пастир и не е сопственик на овците, гледа дека доаѓа волкот, па ги напушта овците и бега, а волкот ги зграпчува и ги растерува.+ 13  Тој бега, бидејќи е наемник+ и не му е грижа за овците.+ 14  Јас сум добриот пастир, и ги познавам своите овци,+ и моите овци ме познаваат мене,+ 15  како што Таткото ме познава мене и како што јас го познавам Таткото.+ И својот живот* го полагам за овците.+ 16  И други овци имам,+ кои не се од ова трло.+ И нив морам да ги доведам, и тие ќе го слушаат мојот глас,+ па сите ќе бидат едно стадо со еден пастир.+ 17  Затоа Таткото ме сака,+ бидејќи го полагам својот живот+ за повторно да го примам. 18  Никој не ми го одзема, туку јас сам од себе го полагам. Имам власт да го положам, и имам власт повторно да го примам.+ Таква заповед+ примив од мојот Татко“. 19  И повторно настана поделба+ меѓу Евреите поради овие зборови. 20  Мнозина од нив велеа: „Обземен е од демон+ и полудел. Зошто го слушате?“ 21  Други велеа: „Ова не се зборови на човек обземен од демон. Зар може демон да отвора очи на слепи?“ 22  Во тоа време во Ерусалим се одржа Празникот на посветувањето.* Беше зима. 23  Исус одеше низ храмот по Соломоновиот трем.+ 24  Тогаш Евреите го опколија и почнаа да му велат: „До кога ќе ги држиш нашите души во неизвесност? Ако си ти Христос,*+ кажи ни отворено!“+ 25  А Исус им одговори: „Ви кажав, но вие не верувате. Делата што ги вршам јас во името на мојот Татко, тие сведочат за мене.+ 26  Но вие не верувате, бидејќи не сте од моите овци.+ 27  Моите овци+ го слушаат мојот глас, и јас ги знам, и тие одат по мене.+ 28  Јас им давам вечен живот,+ па никогаш нема да пропаднат,+ и никој нема да ги грабне од моите раце.+ 29  Она што ми го даде мојот Татко+ е поголемо од сѐ друго.+ И никој не може да ги грабне од Татковата рака.+ 30  Јас и Таткото сме едно“.+ 31  Тогаш Евреите пак зедоа камења за да го каменуваат.+ 32  Исус им рече: „Ви покажав многу добри дела од Таткото. За кое од тие дела ме каменувате?“ 33  Евреите му одговорија: „Не те каменуваме поради добро дело, туку поради хула,+ затоа што ти, иако си човек, се правиш бог“.+ 34  Исус им одговори: „Зарем не е запишано во вашиот Закон:+ ‚Јас реков: „Богови сте“ ‘?+ 35  Ако ги нарече ‚богови‘+ оние против кои зборуваше Бог — а Писмото не може да се поништи+ 36  како тогаш вие му велите на оној кого Таткото го посвети и го испрати во светот: ‚Хулиш‘, затоа што реков: ‚Јас сум Син Божји‘?+ 37  Ако не ги вршам делата+ на мојот Татко, немојте да ми верувате. 38  Но ако ги вршам, иако не ми верувате, верувајте им на делата,+ за да спознаете и да знаете дека Таткото е во единство со мене и јас во единство со Таткото“.+ 39  Тогаш пак се обидоа да го фатат,+ но тој им избега.+ 40  И така, повторно отиде преку Јордан на местото каде што Јован во почетокот крштаваше,+ и остана таму. 41  И многу луѓе дојдоа кај него и му рекоа: „Јован, додуша, не направи ниту едно чудо, но сѐ што рече Јован за овој човек беше вистина“.+ 42  И мнозина таму поверуваа во него.+

Фусноти

Буквално: „душа“.
Празникот на посветувањето (Ханука) е време кога Евреите се сеќаваат на ослободувањето од сириско-грчката превласт, кога храмот во Ерусалим му бил повторно посветен на Јехова.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.