Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јован 1:1-51

1  Во почетокот+ беше Речта,+ и Речта беше кај Бог,+ и Речта беше бог.*+  Тој* во почетокот+ беше кај Бог.+  Сѐ настана преку него,+ и без него ништо не настана. Она што настана  преку него беше животот,+ и животот им беше светлина+ на луѓето.  И светлината свети во темнината,+ и темнината не ја надвладеа.  Се појави човек испратен од Бог,+ кој се викаше Јован.+  Тој дојде заради сведоштво,+ да сведочи за светлината,+ за да можат најразлични луѓе да поверуваат преку него.+  Тој не беше таа светлина,+ туку требаше да сведочи+ за таа светлина.  Вистинската светлина,+ која им свети+ на најразлични луѓе,+ требаше да дојде во светот. 10  Тој беше во светот,+ и светот настана преку него,+ но светот не го запозна. 11  Дојде кај своите, но тие не го примија.+ 12  А на оние што го примија,+ им даде право да станат Божји деца,+ бидејќи веруваа во неговото име.+ 13  Тие не се родени од крв, ниту од телесна волја, ниту од човечка волја, туку од Бог.+ 14  И Речта стана тело+ и престојуваше меѓу нас, и ја гледавме неговата слава, слава што ја имаше како единороден+ на татко, полн со незаслужена доброта и вистина.+ 15  Всушност, Јован сведочеше за него, односно викаше — тој беше оној што рече: „Тој што доаѓа по мене, пред мене е, бидејќи постоеше пред мене“.+ 16  А она со кое тој е полн+ го примаме постојано сите ние — незаслужената доброта.+ 17  Зашто, Законот беше даден преку Мојсеј,+ а незаслужената доброта+ и вистината+ дојдоа преку Исус Христос. 18  Ниту еден човек никогаш не го видел Бог.+ Единородниот бог,+ кој му е најблизок+ на Таткото,* тој го објави.+ 19  Ова е Јовановото сведоштво: Евреите испратија кај него свештеници и левити од Ерусалим за да го прашаат: „Кој си ти?“+ 20  А тој призна и не одрече, туку призна: „Јас не сум Христос“.*+ 21  Тогаш тие го прашаа: „Што си тогаш? Да не си Илија?“+ Тој одговори: „Не сум“. „Дали си Пророк?“+ Тој одговори: „Не сум“. 22  А тие му рекоа: „Тогаш, кој си? Кажи, за да можеме да им одговориме на оние што нѐ испратија! Што велиш ти за себе?“+ 23  Тој одговори: „Јас сум гласот на оној што вика во пустината: ‚Израмнете му го патот на Јехова!‘ — како што рече пророкот Исаија“.+ 24  А тие што беа испратени, беа испратени од фарисеите.* 25  И го прашаа: „Зошто тогаш крштаваш+ ако не си ниту Христос, ниту Илија, ниту Пророк?“ 26  Јован им одговори: „Јас крштавам со вода. Меѓу вас+ стои еден, кого вие не го познавате,+ 27  оној што доаѓа по мене, а кому не сум достоен да му ги одврзам ремчињата на сандалите“.+ 28  Тоа се случи во Витанија* од онаа страна на Јордан, каде што Јован крштаваше.+ 29  Утредента го здогледа Исус како доаѓа кон него, и рече: „Еве го Божјето Јагне,+ кое го отстранува гревот+ на светот!+ 30  Тоа е оној за кого реков: ‚По мене доаѓа човек кој е пред мене, бидејќи постоеше пред мене‘.+ 31  Ни јас не го знаев, но затоа и дојдов, да крштавам со вода за да му се покаже тој на Израел“.+ 32  Јован уште посведочи: „Видов како духот слегува од небото како гулаб, и останува на него.+ 33  И јас не го познавав, но оној што ме испрати+ да крштавам со вода, ми рече: ‚Врз кого ќе видиш дека слегува духот и останува на него, тој е оној што крштава со светиот дух‘.+ 34  Јас го видов тоа, и сведочам дека тој е Божјиот Син“.+ 35  Следниот ден Јован повторно стоеше со двајца свои ученици. 36  Гледајќи го Исус како поминува, рече: „Еве го Јагнето Божје!“+ 37  А двајцата ученици чуја што рече, и појдоа* по Исус. 38  Тогаш Исус се заврте и виде дека одат по него, па ги праша: „Што барате?“ Тие му одговорија: „Рави (што значи ‚учителе‘), каде живееш?“ 39  Тогаш тој им рече: „Дојдете и ќе видите!“+ И така отидоа и видоа каде живее, и останаа тој ден кај него. Тоа беше околу десеттиот* час. 40  Еден од тие двајца, кои чуја што рече Јован и почнаа да го следат Исус, беше Андреј,+ братот на Симон Петар. 41  Тој најпрво го најде својот брат Симон и му рече: „Го најдовме Месијата!“+ („Месија“ на грчки е „Христос“.)+ 42  И го одведе кај Исус, а Исус го погледна+ и рече: „Ти си Симон,+ синот на Јован.+ Ќе се викаш Кифа“. („Кифа“ на грчки е „Петар“.)*+ 43  Другиот ден Исус сакаше да отиде во Галилеја. И го најде Филип+ и му рече: „Појди по мене!“+ 44  А Филип беше од Витсаида,+ од градот на Андреј и Петар. 45  Филип го најде Натанаел+ и му рече: „Го најдовме оној за кого пишуваа Мојсеј во Законот+ и Пророците:+ Исус, синот на Јосиф,+ од Назарет“. 46  А Натанаел му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“+ Филип му одговори: „Дојди и види!“ 47  Исус го виде Натанаел како доаѓа кај него и рече за него: „Еве, вистински Израелец, во кого нема измама!“+ 48  А Натанаел го праша: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори: „Те видов пред да те повика Филип, додека беше под смоквата“. 49  А Натанаел му одговори: „Учителе,* ти си Синот Божји,+ ти си Царот+ на Израел!“ 50  Тогаш Исус му рече: „Зарем веруваш затоа што ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш и многу повеќе“. 51  Уште му рече: „Вистина, вистина, ви велам, ќе го видите небото отворено и Божјите ангели+ како влегуваат и слегуваат кај Синот човечки“.+

Фусноти

Види го додатокот 9.
Заменката „тој“ се однесува на „Речта“ спомната во 1. стих. Иако на македонски, гледано од граматичка гледна точка, „Речта“ е именка од женски род, овде е употребена заменка од машки род, бидејќи грчкиот израз Ло́гос (Речта) се однесува на Исус.
Буквално: „кој е во прегратката на Таткото“.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види ја фуснотата за Мт 3:7.
Не станува збор за Витанија во близина на Ерусалим.
Види ја фуснотата за Мт 4:20.
Околу 16 часот, според нашето сметање на времето. Евреите почнувале да ги бројат часовите од изгревањето на сонцето.
И арамејското име „Кифа“ и грчкото име „Петар“ значат „карпа“. Види ја фуснотата за Мт 16:18.
Види Јвн 1:38 и фуснотата за Мт 23:7.