Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јаков 5:1-20

5  Слушајте сега, вие богати,+ плачете и лелекајте поради маките што доаѓаат врз вас!+  Вашето богатство изгни и молци ви ја изгризаа облеката.+  Вашето злато и сребро ’рѓосаа и нивната ’рѓа ќе биде сведоштво против вас и ќе ви ги изеде телата. Како оган+ е тоа што сте го насобрале+ во последните денови.+  Еве, вика платата+ што им ја скративте на работниците,+ кои ги ожнеаја вашите ниви. Повиците за помош+ од жетварите допреа до ушите+ на Јехова над војските.  Живеете во раскош на земјата и се препуштивте на задоволствата.+ Ги згоивте срцата свои за денот на колење.+  Го осудивте и го убивте праведникот. Зарем тој не ви се спротивставува?+  Затоа, браќа, бидете стрпливи+ до времето на присутноста* на Господарот.* Ете, земјоделецот стрпливо го чека драгоцениот плод од земјата додека не ги добие раниот и доцниот дожд.+  И вие бидете стрпливи+ и срцата нека ви се зацврстат, зашто се приближи времето на присутноста на Господарот.+  Не огорчувајте се еден од друг, браќа, за да не бидете осудени.+ Еве, Судијата стои пред вратата.+ 10  Браќа, како пример+ за поднесување зло+ и за стрпливост+ нека ви послужат пророците+ кои зборуваа во името на Јехова.+ 11  Ете, ги прогласуваме за среќни оние што истрајаа.+ Чувте за истрајноста на Јов+ и видовте до каков исход Јехова го доведе неговото искушение+ — видовте дека Јехова е полн со сочувство и милосрден.+ 12  А пред сѐ, браќа мои, не заколнувајте се повеќе ниту во небото, ниту во земјата, ниту во што и да било друго.+ Туку кога ќе кажете: ‚Да‘, тоа нека значи ‚да‘, а кога ќе кажете: ‚Не‘, тоа нека значи ‚не‘, за да не бидете осудени.+ 13  Страда ли некој меѓу вас? Нека се моли.+ Дали е некој весел? Нека пее псалми.*+ 14  Болен ли е некој меѓу вас?+ Нека ги повика старешините+ од собранието,* па тие нека се молат за него и нека го намачкаат со масло+ во името на Јехова. 15  И молитвата упатена со вера ќе го оздрави болниот,+ и Јехова ќе го подигне.+ И ако направил гревови, ќе му биде простено.+ 16  Затоа, признавајте си ги гревовите+ еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите.+ Сесрдната молитва на праведникот има голема сила и може да направи многу добра.+ 17  Илија беше обичен човек како нас,*+ но кога сесрдно се помоли да не врне,+ не врнеше на земјата три години и шест месеци. 18  Потоа пак се помоли, и небото даде дожд и земјата го донесе својот род.+ 19  Браќа мои, ако некој меѓу вас застрани од вистината, па некој го врати,+ 20  знајте дека оној што вратил грешник од неговиот крив пат,+ ќе ја спаси неговата душа од смрт+ и ќе покрие мноштво гревови.+

Фусноти

Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Види го додатокот 11.
Или: „фалбени песни на Бог“.
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Или: „беше човек кој имаше исти чувства како и ние“.