Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Јаков 4:1-17

4  Од каде војни и од каде борби меѓу вас? Зарем не од вашите себични желби,+ кои се во судир со вашите делови на телото?+  Посакувате, а немате. Убивате+ и копнеете,+ а не можете да добиете. Се борите+ и војувате. А немате, затоа што не барате од Бог.  Барате, а не примате, бидејќи барате со зла намера,+ за да го потрошите тоа на своите себични желби.+  Прељубници,+ зарем не знаете дека пријателството со светот е непријателство со Бог?+ Затоа, кој сака да биде пријател со светот,+ му станува непријател на Бог.+  Мислите ли дека Писмото залудно вели: „Духот на завист, кој го носиме во себе,+ постојано копнее по нешто“?  Но незаслужената доброта, која Бог ја покажува, е поголема од нашата завист.+ Затоа Писмото вели: „Бог им се спротивставува на вообразените,+ а на понизните им покажува незаслужена доброта“.+  Затоа, подложете му се на Бог,+ а спротивставете му се на Ѓаволот,+ и тој ќе побегне од вас!+  Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!+ Исчистете ги рацете, грешници,+ и прочистете ги срцата,+ неодлучни!+  Јадосувајте се и тажете и плачете!+ Вашата смеа нека се претвори во тага и вашата радост во жалост!+ 10  Понизете се пред Јехова,+ и тој ќе ве возвиши.+ 11  Престанете да зборувате еден против друг, браќа.+ Оној што зборува против некој брат или го осудува братот,+ зборува против законот и го осудува законот. А ако го осудуваш законот, не си извршител на законот, туку судија.+ 12  Но еден е законодавец и судија+ — оној што може да спаси и да погуби.+ А кој си ти да го осудуваш својот ближен?+ 13  Слушајте сега, вие што велите: „Денес или утре ќе отпатуваме во тој и тој град и таму ќе поминеме една година, ќе тргуваме и ќе заработиме“,+ 14  а не знаете каков ќе ви биде животот утре.+ Зашто сте магла која се појавува за кратко време, па исчезнува.+ 15  Треба да речете: „Ако Јехова сака,+ ќе живееме и ќе го направиме ова или она“.+ 16  А сега се расфрлате со вообразени зборови.+ Секоја таква гордост е зла. 17  Затоа, ако некој знае да го прави она што е исправно, а не го прави,+ тоа му е грев.+

Фусноти