Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јаков 1:1-27

1  Јаков,+ роб+ на Бог и на Господарот* Исус Христос, ги поздравува дванаесетте племиња,+ кои се расеани+ по светот.  Сметајте дека навистина имате за што да се радувате, браќа мои, кога ќе се најдете во разни искушенија,+  знаејќи дека искушувањето на вашата вера* во вас гради истрајност.+  А истрајноста нека го доврши своето дело за да бидете совршени+ и потполни, без никаков недостаток.+  И ако некому од вас му недостига мудрост,+ нека бара од Бог,+ зашто тој им дава на сите великодушно и без прекорување,+ и ќе му ја даде.+  Но нека бара+ со вера, не сомневајќи се ни најмалку,+ зашто оној што се сомнева е како морски бран кого ветрот го носи и го тера ваму-таму.+  Таквиот нека не мисли дека ќе добие нешто од Јехова.+  Таквиот човек е неодлучен,+ непостојан+ на сите свои патишта.  Сиромашниот брат нека се радува што е возвишен,+ 10  а богатиот+ што е понижен, бидејќи поминува како полски цвет.+ 11  Зашто, сонцето излегува и пече и ги суши растенијата, па нивниот цвет отпаѓа и нивната убавина исчезнува. Така и богатиот ќе овене на своите патишта.+ 12  Среќен е човекот што истрајува во искушението+ бидејќи, откако ќе биде искушан, ќе ја прими наградата* — животот,+ кој Јехова им го вети на оние што го сакаат.+ 13  Никој, кога ќе се најде во искушение,+ нека не вели: „Бог ме искушува“. Зашто, Бог не може да се искуша со зло, а и тој никого не искушува со зло. 14  Туку секого го искушува неговата желба, така што го привлекува и го мами.+ 15  Потоа желбата, кога ќе зачне, раѓа грев,+ а гревот, кога е направен, донесува смрт.+ 16  Не залажувајте се,+ браќа мои сакани. 17  Секој добар дар+ и секој совршен подарок е одозгора,+ зашто слегува од Таткото на небесните светла,+ а тој не се менува, не е како непостојана сенка.*+ 18  По своја волја+ нѐ родил преку речта на вистината+ за да бидеме и ние првини+ меѓу неговите суштества. 19  Ова знајте го, браќа мои сакани. Секој човек треба да биде брз на слушање, а бавен на зборување+ и бавен на гнев,+ 20  зашто човековиот гнев не ја донесува праведноста+ што ја бара Бог. 21  Затоа, отфрлете ја сета валканост и злоба,+ таа непожелна особина, и со благост прифатете да се всади во вас Божјата реч,+ која може да ви ги спаси душите.+ 22  Но немојте само да ја слушате речта, туку и извршувајте ја,+ за да не се залажувате самите себе.+ 23  Зашто, ако некој ја слуша речта, а не ја извршува,+ тој е како човек кој го гледа своето лице во огледало, 24  но откако ќе се погледне, си оди и веднаш заборава каков е. 25  А оној што ќе се задлабочи во совршениот закон+ на слободата и ќе се прилепи до него, и не е заборавлив слушател, туку извршител на речта,+ ќе биде среќен+ што ја врши. 26  Ако некој мисли дека го почитува Бог на исправен начин,*+ а не го зауздува својот јазик,+ туку го мами своето срце,+ неговото почитување е залудно.+ 27  Почитувањето* кое е чисто+ и неизвалкано+ пред нашиот Бог и Татко е ова: да се грижиш за сираците+ и за вдовиците+ во нивната неволја+ и да се чуваш од валканоста+ на овој свет.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Или: „дека верата која е испитана (докажана)“.
Буквално: „круната; венецот“.
Или: „кај него нема промена во движењето на сенката“.
Или: „дека е вистински верник; дека е религиозен“.
Или: „Религијата (верата)“.