Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Зошто намерно се повредувам?

Зошто намерно се повредувам?

 

Самоповредување е кога некој намерно си нанесува повреди. Оние што се склони да се самоповредуваат си нанесуваат болка така што си ја горат кожата, си ја кубат косата, си прават модринки, се гребат, се сечат со некој остар предмет или се повредуваат на некој друг начин.

Дали следниве тврдења се точни или неточни?

  1. Само девојките намерно се повредуваат.

  2. Оној што намерно се повредува така што се сече ја крши библиската заповед запишана во 3. Мојсеева 19:28: „Не сечете се по телото“.

Одговори:

  1. Неточно. Иако изгледа дека оваа појава е почеста кај девојките, има и момчиња што се самоповредуваат.

  2. Неточно. Заповедта запишана во 3. Мојсеева 19:28 се однесува на еден древен пагански обред, а не на склоноста некој да се самоповредува. Сепак, разумно е да заклучиме дека нашиот Творец, кој многу се грижи за нас, не сака да си нанесуваме болка (1. Коринќаните 6:12; 2. Коринќаните 7:1; 1. Јованово 4:8).

  Зошто некои млади намерно се повредуваат?

Што мислиш, која од следниве изјави е точна?

Младите се самоповредуваат затоа што...

  1. А) сакаат да се ослободат од емоционалната болка.

  2. Б) сакаат да се самоубијат.

Точен одговор: А. Повеќето млади што се самоповредуваат не сакаат да извршат самоубиство. Тие едноставно сакаат да се ослободат од негативните чувства кои ги преплавиле.

Прочитај што велат некои девојки за својата склоност да се самоповредуваат.

Силија: „Тоа ми носеше големо олеснување.“

Тамара: „Тоа ми беше излез од проблемите. Полесно ми беше да ја издржам физичката болка отколку емоционалната.“

Кери: „Не можев да поднесам да бидам тажна. Тоа што се сечев, ми помагаше да не мислам на тагата.“

Џерин: „Секогаш кога ќе се сечев, престанував да размислувам за тоа што се случува околу мене и така бегав од реалноста. Тогаш ми беше многу полесно.“

  Како да ја победиш склоноста да се самоповредуваш?

Многу е важно да му се молиш на Јехова Бог. Тоа може да ти биде од голема помош. Во Библијата пишува: „Сите свои грижи фрлете ги на [Бог], зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7).

Предлог: Почни со кратки молитви во кои можеби ќе му кажеш на Јехова „Те молам, помогни ми“. Со текот на времето, ќе можеш да му го отвориш срцето на „Богот на секоја утеха“ и да му кажеш како се чувствуваш (2. Коринќаните 1:3, 4).

Молитвата не е како „апче за смирување“. Таа е вистински разговор со нашиот небесен Татко, кој ни ветува: „Ќе ти помогнам. Ќе те потпрам со мојата праведна десница“ (Исаија 41:10).

На многумина што се самоповредувале им помогнало и тоа што им се довериле на родителите или на некој возрасен пријател. Прочитај како три девојки се справуваат со склоноста да се самоповредуваат.

  Прашања за размислување

  • Кому би можела да се довериш за твојот проблем? *

  • Што би му кажала на Јехова Бог во молитва за она што те мачи?

  • Можеш ли да наведеш два начина на кои можеш да се ослободиш од стресот и грижите без да се самоповредуваш?

^ пас. 66 Во оваа статија користиме женски род поради тоа што оваа појава е почеста кај девојките. Но, истите совети важат и за машките.