Алекс е збунет. Тој отсекогаш верува дека Бог постои и дека тој создал сѐ. Но, денес, на час по биологија, наставникот со голема уверливост тврдеше дека еволуцијата е факт и дека е заснована на цврсти докази. Алекс не сака да излезе глупав пред другите. Тој си мисли: ,Ако научниците ја докажале еволуцијата, кој сум, пак, јас да се правам попаметен од нив?

Ти звучи ли ова познато? Можеби и ти целиот свој живот веруваш во она што го вели Библијата: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (1. Мојсеева 1:1). Ама во последно време некои се обидуваат да те убедат дека создавањето е обична прикаска и дека еволуцијата е докажана работа. Треба ли да им веруваш? Зошто не треба слепо да веруваш во еволуција?

Две причини зошто не треба слепо да веруваш во еволуција

  1.   Научниците не се едномислени во врска со еволуцијата. И покрај долгогодишните истражувања, научниците сѐ уште не дошле до објаснување за еволуцијата со кое сите тие се согласуваат.

    Размисли: Ако научниците не се едномислени во врска со еволуцијата — а нели тие се експертите — тогаш зошто слепо да веруваш во еволуција? (Псалм 10:4).

  2. Важно е во што веруваш. „Ако животот настанал случајно, тогаш нашиот живот — и сѐ во вселената — нема никаква смисла“, вели едно момче по име Закари. И во право е. Доколку еволуцијата е факт, животот би бил бесмислен (1. Коринќаните 15:32). Од друга страна, ако создавањето е факт, можеме да најдеме задоволувачки одговор на прашањата во врска со смислата на животот и во врска со тоа што ни носи иднината (Еремија 29:11).

    Размисли: Како ќе влијае врз твојот живот тоа што ќе ја знаеш вистината за еволуцијата и за создавањето? (Евреите 11:1).

Прашања за размислување

НЕКОИ ВЕЛАТ: ,Сѐ во вселената е резултат на една голема експлозија‘.

  • Кој или што ја предизвикало таа голема експлозија?

  •   Што има повеќе смисла — дека сѐ настанало од ништо или дека сѐ настанало од нешто, односно од некој?

НЕКОИ ВЕЛАТ: ,Луѓето настанале од животни‘.

  • Ако луѓето настанале од животни — на пример, од мајмуни — зошто има толку голема разлика помеѓу интелектуалните способности на луѓето и на мајмуните? *

  • Зошто дури и „најпростите“ облици на живот се толку сложени? *

НЕКОИ ВЕЛАТ: ,Еволуцијата е факт‘.

  • Дали оној што го тврди ова ги испитал доказите?

  • Колку луѓе веруваат во еволуција само затоа што им било кажано дека сите интелигентни луѓе веруваат во еволуција?

^ пас. 18 Некои тврдат дека луѓето се поинтелигентни затоа што имаат поголем мозок од мајмуните. За да дознаеш зошто ова тврдење не е издржано, види во брошурата Пет важни прашања за потеклото на животот, страница 28, достапна на повеќе јазици.

^ пас. 19 Види ја брошурата Пет важни прашања за потеклото на животот, страници 8-12, достапна на повеќе јазици.