Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што ако моите се разведуваат?

Што ако моите се разведуваат?

Што можеш да направиш

Зборувај за она што те загрижува. Кажи им на родителите колку си тажен или збунет. Можеби ќе ти објаснат што се случува и ќе те смират малку.

Ако во тој момент родителите не можат да ти ја дадат поддршката што ти е потребна, би можел да му се довериш на некој зрел пријател (Изреки 17:17).

Што е најважно, твојот небесен Татко е секогаш спремен да те сослуша, зашто Јехова е „тој што ги слуша молитвите“ (Псалм 65:2). Излеј му го срцето, „зашто тој се грижи за [тебе]“ (1. Петрово 5:7).

Што да не правиш

Разводот на родителите е како скршеница — боли додека да зарасне, но на крајот ќе помине

Не држи лутина. Моите беа себични“, вели Даниел, чии родители се развеле кога тој имал седум години. „Не мислеа на нас и не мислеа како влијае врз нас тоа што го направија.

Какви би биле последиците за Даниел ако не престане да се лути и ако не ја отфрли огорченоста? (Прочитај Изреки 29:22.)

Зошто би било добро Даниел да се обиде да им прости на родителите за болката што му ја нанеле? (Прочитај Ефешаните 4:31, 32.)

Немој сам да си штетиш. Кога мајка ми и татко ми се разведоа, бев несреќен и потиштен“, раскажува Дени. „Имав проблеми со учењето и повторував една година. Потоа... почнав да правам многу глупости на училиште и учествував во многу тепачки.“

Што мислиш, што сакал да постигне Дени со глупостите што ги правел на училиште и со тоа што учествувал во тепачки?

Како начелото од Галатите 6:7 би можело да им помогне на луѓе како Дени да не си наштетат самите?

За емоционалните болки е потребно време да се залечат. Кога животот ќе почне да ти се враќа во колосек, повторно ќе се чувствуваш нормално.