Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Како да не им попуштам на искушенијата?

Како да не им попуштам на искушенијата?

Што можеш да направиш

Прво, биди свесен дека ти си одговорен за своите постапки — без разлика што прават твоите пријатели.

Второ, утврди што е најголемо искушение за тебе.

Потоа, прашај се: ‚Кога има најголеми шанси да се најдам на вакво искушение?‘ (Кога сум на училиште? На работа? Друго?) Ако знаеш кога има шанси да се најдеш на искушение, би можел дури и сосема да го избегнеш.

Сега, време е за акција! Прво и основно е да испланираш како да ги намалиш или сосема да ги избегнеш шансите да се најдеш на искушение. (Пример: ако по часовите редовно среќаваш некои школски другари што упорно ти нудат цигара, би можел да си одиш дома по друг пат за да не ги сретнеш.) Сурова реалност: „Пријателите“ што те тераат да правиш лоши работи не ти се вистински пријатели.

Кога ќе му попуштиш на искушението, им стануваш роб на своите желби

Се разбира, не можеш да ги избегнеш сите искушенија. Кога-тогаш, веројатно ќе се соочиш со некое многу силно искушение — можеби токму кога најмалку очекуваш. Што би можел да направиш?

Најважно е да бидеш подготвен!

Размисли: Исус си имал изградено став во однос на моралот. Тој имал решено дека ќе му биде послушен на својот Татко во сѐ (Јован 8:28, 29). Значи, најважно е да имаме изградено свој став.

Вежба. Размисли и најди две причини зошто да му се спротивставиш на искушението со кое најчесто се соочуваш и две работи што ќе ти помогнат во тоа.

Зошто да дозволиш другите да те контролираат? Биди доволно зрел и прави го она што знаеш дека е исправно (Колошаните 3:5). Моли се и понатаму да бидеш успешен во тоа (Матеј 6:13).