Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што ако сум под притисок да имам секс?

Што ако сум под притисок да имам секс?

„Зарем не е подобро едноставно да попуштам?“ можеби си мислиш. „Па зарем немаат сите секс?“

Закочи малку!

Факт: Не е вистина дека сите имаат секс.

Точно, можеби имаш читано статистики според кои голем број млади имаат сексуални односи. На пример, една анкета во САД покажала дека 2/3 од младите во таа земја се сексуално активни уште во средно. Но, тоа би значело и дека 1/3, што е прилично голема бројка, не се сексуално активни.

А што е со оние кои се? Според истражувачите, многу од овие млади се соочуваат со една или повеќе од следниве горки вистини:

Каење. Повеќето млади кои имале секс пред брак велат дека подоцна зажалиле поради тоа.

Да имаш секс пред брак е исто како да користиш една убава слика за да си ги бришеш чевлите од неа

Недоверба. Откако ќе имаат секс, и двајцата партнери почнуваат да се прашуваат: ,Со кого друг спиел/а?‘

Разочарување. Длабоко во себе, многу девојки повеќе сакаат некој што ќе ги штити, а не некој што ќе ги искористува. А, откако ќе спијат со некоја девојка, повеќето момчиња обично губат интерес за неа.

Заклучок: Твоето тело е премногу вредно за да го дадеш тукутака. Покажи дека имаш сила да бидеш послушен на Божјите заповеди во врска со сексот пред брак. А ако еден ден стапиш во брак, ќе можеш да имаш секс. А ќе можеш и потполно да уживаш во него — без грижите, каењето и чувството на несигурност кои честопати одат рака под рака со предбрачниот секс (Изреки 7:22, 23; 1. Коринќаните 7:3).