Што ако сум осамен?
Што можеш да направиш
1. Концентрирај се на твоите добри страни (2. Коринќаните 11:6). Добро е да бидеш свесен за своите маани, но имаш и многу што да дадеш. Ако сфатиш кои ти се добрите страни, ќе ја стекнеш самодовербата која ти е потребна за да го отфрлиш лошото мислење за себе и да ја победиш осаменоста. Прашај се: ,Кои ми се добри страни?‘ Размисли какви таленти или убави особини имаш.
2. Интересирај се за другите. За почеток, обрни внимание само на неколку личности. Младиот Хорхе вели: „Ако само ги прашаш другите како се или како им оди работата, ќе можеш да ги запознаеш подобро“.
Можеш да го премостиш јазот што те дели од другите
Предлог: Немој да се дружиш само со врсници. Некои од најдобрите пријателства запишани во Библијата се меѓу луѓе кои ги делела доста голема разлика во годините. Такви се пријателствата меѓу Рут и Ноемина, меѓу Давид и Јонатан, како и меѓу Тимотеј и Павле (Рут 1:16, 17; 1. Самоилова 18:1; 1. Коринќаните 4:17). Не заборавај и дека разговорот е дијалог, а не монолог. Луѓето ценат кога некој знае да ги сослуша. Затоа, ако по природа си срамежлив, опушти се — не мора само ти да зборуваш!
3. Биди ‚сочувствителен‘ (1. Петрово 3:8). Дури и ако не се согласуваш со гледиштето на другиот, стрпливо остави го да се искаже. Задржи се на оние работи со кои се согласуваш. А ако сметаш дека треба да кажеш дека не се согласуваш со нешто, направи го тоа благо и тактично.
Предлог: Зборувај со другите онака како што би сакал тие да зборуваат со тебе. Ако непотребно се расправаш со другите, ако ги исмејуваш, ако ги навредуваш или ако им создаваш чувство дека никогаш не се во право, само ги одбиваш од себе. Луѓето ќе те сакаат повеќе ако ‚твојот збор секогаш е пријатен‘ (Колошаните 4:6).