МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ
Што ако другарка ми ме повреди?
Што треба да знаеш
Проблемите се неизбежен дел од секој меѓучовечки однос. Некоја твоја другарка, a можеби дури и твојата најдобра другарка, понекогаш ќе направи или ќе каже нешто што ќе те повреди. Зошто? Бидејќи е несовршена. Но, и ти си несовршена. Биди фер и признај дека и ти некогаш си повредила некого (Јаков 3:2).
Интернетот може да придонесе за повредени чувства. Давид, кој е тинејџер, вели: „Ако додека си на некоја социјална мрежа видиш слики од некоја забава на која е и твојот другар, може да почне да те копка мислата зошто и ти не си поканет. Ова може да предизвика да се чувствуваш отфрлено и разочарано“.
Можеш да научиш да се справиш со ситуацијата.
Што можеш да направиш
Преиспитај се. Библијата вели: „Немој брзо да се навредуваш, зашто навредливоста почива во пазувите на безумните“ (Проповедник 7:9).
„Понекогаш отпосле сфаќаш дека си се нервирал за глупости“ (Алиса).
Прашај се: Дали сум преосетлива? Можам ли да научам да бидам потолерантна кон другите? (Проповедник 7:21, 22).
Размисли зошто е добро да простиш. Библијата вели дека е чест за човекот „да премине преку престапот“ (Изреки 19:11).
„Дури и да имаш причина да си лута, добро е да простиш. Да простиш не значи постојано да го потсетуваш другиот на грешката и да го тераш нон-стоп да ти се извинува за тоа. Кога си одлучил да простиш, прости и заборави“ (Малори).
Прашај се: Дали е стварно толку страшно? Дали можам да простам за да има мир? (Колошаните 3:13).
Ако на другарка ти постојано ѝ замеруваш за секоја ситница, вашето пријателство може да олади исто како што ладниот воздух може да олади една загреана соба ако постојано ја отвораш вратата
Мисли и на другиот. Библијата вели: „Не грижете се само за себе туку и за другите“ (Филипјаните 2:4).
„Кога во едно пријателство има љубов и почит, имаш силна причина брзо да ги решаваш проблемите. Веќе си вложил многу во тоа пријателство и сигурно не сакаш лесно да го изгубиш“ (Никол).
Прашај се: Дали и мојата другарка е барем донекаде во право? (Филипјаните 2:3).
Заклучок: Ако сега научиш да се справуваш со повредените чувства, тоа многу ќе ти користи кога ќе станеш возрасна.
a Во оваа статија ќе користиме женски род, но советите важат и за девојките и за момчињата.