МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ
Дали сум спремна за брак?
За да одговориш на ова прашање, добро преиспитај се. Размисли за следниве работи:
Односи со другите
Како се однесуваш со твоите родители или со твоите браќа и сестри? Дали честопати избувнуваш, па користиш груби или саркастични зборови за да си го кажеш своето мислење? Што би рекле тие во врска со ова? Начинот на кој се однесуваш со членовите на твоето семејство покажува како ќе се однесуваш и со твојот сопружник (Ефешаните 4:31).
Карактер
Дали си оптимист или песимист? Дали си разумна a или секогаш инсистираш да биде по твое? Можеш ли да останеш смирена кога си под стрес? Дали си стрплива? Ако уште сега се трудиш да ги покажуваш плодовите на духот, тоа ќе ти помогне да се подготвиш за брак (Галатите 5:22, 23).
Пари
Како ги трошиш парите? Дали често си во долгови? Кога ќе најдеш работа, можеш ли да ја задржиш? Ако не, зошто? Дали поради самата работа? Или поради работодавачот? Или, пак, поради некоја твоја навика или особина која мораш да ја смениш? Ако не можеш да водиш сметка за своите пари, како ќе можеш да го правиш тоа за цело семејство? (1. Тимотеј 5:8).
Духовност
Ако си Јеховин сведок, што правиш за да имаш добар однос со Бог? Дали редовно ја читаш Божјата Реч, одиш во служба и учествуваш на христијанските состаноци? Оној со кого ќе стапиш во брак заслужува да има духовно зрел брачен партнер (Проповедник 4:9, 10).
Колку подобро се познаваш себеси, толку поподготвена ќе бидеш да најдеш некој со кого уште повеќе ќе дојдат до израз твоите јаки, а не твоите слаби страни.
a Во оваа статија користиме женски род, но начелата важат и за машките.