Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Да прекинам ли со школото?

Да прекинам ли со школото?

Размисли за следниве работи

Според законот, кое е задолжително образование? Дали ти го заврши задолжителното образование? Ако прекинеш со школувањето пред годините пропишани со закон, би го прекршил библискиот совет да им бидеш ‚подложен на властите што се над тебе‘ (Римјаните 13:1).

Дали образованието што го имаш стекнато досега е доволно за да си ги оствариш целите? Дали знаеш што сакаш да постигнеш со образованието? Не си баш сигурен? Би требало да бидеш! Во спротивно би бил како патник во воз кој нема поим каде патува. Затоа, седни со твоите родители и разговарајте за мислите во поднасловот „ Цели во кои ќе ми помогне образованието“. Не би било добро да го прекинеш школувањето ако сѐ уште не си го стекнал знаењето што ти е потребно за да го работиш она за што си донел одлука заедно со родителите.

Да прекинеш предвреме со школувањето е како да скокнеш од воз пред да стигнеш каде што си тргнал

Зошто сакаш да прекинеш? Една себична причина би била да ги избегнеш учењето или домашните задачи. Поентата е да процениш зошто сакаш да го прекинеш школувањето. Ако го прекинуваш само за да ти биде полесно, можеби непријатно ќе се изненадиш.

Ако предвреме го прекинеш школувањето, тоа е исто како да скокнеш од воз пред да стигнеш онаму каде што си тргнал. Добро, можеби возот е неудобен, а и патниците се непријатни. Но, ако скокнеш од него, нема да стигнеш таму каде што си пошол и најверојатно ќе се повредиш. Истото би важело и ако предвреме прекинеш со школувањето — најверојатно потешко ќе најдеш работа. Дури и ако најдеш, поголема е веројатноста дека ќе биде послабо платена од онаа што ќе си можел да ја добиеш ако си го завршел школувањето.

Наместо да прекинеш со школувањето, стрпливо совладувај ги проблемите на кои наидуваш. Така ќе стекнеш истрајност и ќе бидеш подготвен да се соочиш со слични проблеми кога еден ден ќе се вработиш.

 Цели во кои ќе ми помогне образованието

Главна цел на образованието е да те подготви да најдеш работа што ќе ти помогне да се издржуваш себеси и твоето семејство, доколку стапиш во брак (2. Солуњаните 3:10, 12). Реши ли што би сакал да работиш, и како училиштето може да ти помогне да се подготвиш за таа работа? За да провериш дали образованието те води во исправен правец, одговори на следниве прашања:

  • Во што сум добар? (На пример, дали си комуникативен? Дали уживаш да изработуваш или да поправаш работи? Дали те бива да анализираш и да решаваш проблеми?)
  • На кои работни места би можел да го искористам она во што сум добар?
  • Какви можности за вработување има во моето место?
  • Кои предмети што сега ги имам на училиште би ми помогнале да најдам работа?
  • Какво образование ми е на располагање за да ги остварам своите цели?

Запомни, твоја цел е да стекнеш образование што ќе ти користи во животот. Затоа, не оди ни во другата крајност — цел живот да учиш, или, така да се каже, да останеш во возот само за да ги избегнеш одговорностите што доаѓаат со годините.