Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Зошто да бидеш чесен?

Зошто да бидеш чесен?

 Зошто некои луѓе не се чесни?

Многу луѓе мислат дека во денешно време не вреди да бидеш чесен. На пример, некои велат:

  • „Ако не ги излажам родителите, ќе ме казнат“.

  • „Ако не препишувам на писмена, ќе добијам слаба оценка“.

  • „Ако не го украдам ова, ќе треба многу да штедам за да го купам“.

Некои може да речат: „А што е толку важно дали си чесен или не? И онака никој не е чесен“.

Меѓутоа, не е така. Многу луѓе, меѓу кои и голем број млади, со право веруваат дека вреди да бидеш чесен. Библијата вели: „Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее“ (Галатите 6:7). Со други зборови, секоја наша постапка си носи последици — сеедно дали добри или лоши.

Да видиме неколку примери кои покажуваат какви можат да бидат последиците од лажењето.

„Ја излажав мајка ми кога ме праша дали зборував со еден дечко. Таа знаеше дека ја лажам бидејќи имаше цврсти докази. Откако по трет пат ја излажав за истата работа, на мајка ми ѝ дојде преку глава и ме казни. Две недели не смеев да излегувам со другарките и цел месец не смеев да користам мобилен ниту, пак, да гледам телевизија. Оттогаш никогаш повеќе не ги излажав моите родители!“ (Анита).

Размисли: Зошто веројатно било потребно време за Анита повторно да ја стекне довербата на мајка ѝ?

Што вели Библијата: „Сега кога сте ја отфрлиле лагата, зборувајте ја вистината секој на својот ближен“ (Ефешаните 4:25).

„Ги излажав родителите за една работа, и бев сигурен дека се извлеков. Но, по некое време пак ме прашаа за истата ситуација. Тоа што им го имав кажано првиот пат беше толку далеку од вистината што никако не можев да се сетам на деталите. Ако секогаш си искрен, воопшто нема да имаш ваков проблем!“ (Антонио).

Размисли: Што можел да направи Антонио за да не се најде во непријатна ситуација?

Што вели Библијата: „Лажливите усни му се одвратни на Јехова, а оние што постапуваат верно му донесуваат радост“ (Изреки 12:22).

„Една моја другарка секогаш го филува она што го раскажува. Некои работи ги преувеличува или ги вади од контекст. Многу ја сакам и се трудам да не ѝ го мерам секој збор. Ама стварно ми е тешко да ѝ верувам!“ (Ивона).

Размисли: Ако другарка ѝ на Ивона постојано ги преувеличува работите и шири „мали“ лаги, што ќе мислат другите за неа?

Што вели Библијата: „Сакаме во сѐ да постапуваме чесно“ (Евреите 13:18).

Исто како што распуканиот темел може да ја оштети целата градба, така и нечесноста може да ти го наруши угледот

 Зошто вреди да бидеш чесен?

Да видиме неколку примери кои покажуваат кои добри резултати можат да произлезат од чесноста.

„На жената што одеше пред мене ѝ паднаа пари. Веднаш викнав по неа и ѝ ги вратив. Ептен ми беше благодарна, и ми рече: ,Тоа беше многу убаво од тебе. Ретки се луѓето што се толку чесни‘. Се чувствував убаво што некој ја забележа мојата чесност“ (Вивиен).

Размисли: Зошто жената била изненадена од чесноста на Вивиен? Како се чувствувала Вивиен затоа што постапила чесно?

Што вели Библијата: „Среќни се оние што... во секое време го прават она што е праведно“ (Псалм 106:3).

„Како семејство работиме во фирма за чистење. Понекогаш додека чистиме некоја канцеларија, се случува да најдеме некоја паричка на подот. Тогаш ја ставаме паричката на најблиското биро. На една од вработените дури ѝ сметаше што бевме толку чесни. Таа ќе речеше: ,Стварно претерувате, па тоа е само ситна паричка!‘ Но, секогаш имаше доверба во нас“ (Џулија).

Размисли: Џулија е позната по својата чесност. Како може тоа да ѝ помогне ако некогаш ѝ треба препорака за друга работа?

Што вели Библијата: „Дај сѐ од себе за да стекнеш признание од Бог, да бидеш работник кој нема од што да се срами“ (2. Тимотеј 2:15).

„Еднаш добив плата за 80 работни часа наместо за 64. Добро ќе ми дојдеа тие пари, но не можев да ги задржам. Ѝ кажав на сметководителката што се случи, и таа ми беше многу благодарна. Фирмата во која работам добро заработува, но не сакав да ги задржам тие пари бидејќи ќе се чувствував како да сум ги украла“ (Бетани).

Размисли: Дали е помалку сериозно да се украде од фирма отколку од некој човек?

Што вели Библијата: „На Јехова му е одвратен расипаниот човек, а близок е со справедливите“ (Изреки 3:32).

Види и...

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ — РАБОТНИ ЛИСТОВИ

Колку си чесен?

Преземи

Нешто повеќе

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што ако прекршиш некое правило?

Дознај што можеш да направиш за и така лошата ситуација да не стане уште полоша.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Дали сум одговорна личност?

Некои млади имаат поголема слобода од своите врсници. Зошто?

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што треба да направам кога ќе згрешам?

Сите прават грешки, но сите не учат од нив.