Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Дали е важно каква музика слушам?

Дали е важно каква музика слушам?

„Само што ќе станам од спиење, пуштам музика. Кога ќе влезам во кола, пуштам музика. Кога сум дома и се одморам, чистам, па дури и кога читам, музиката си свири. Нон–стоп слушам музика“ (Карла).

Дали и ти, како Карла, уживаш да слушаш музика? Оваа статија ќе ти ги покаже убавите страни на музиката, ќе ти помогне да ги избегнеш прикриените опасности и ќе ти помогне да избираш добра музика.

 Убави страни

Слушањето музика е слично со јадењето. И во двата случаја, исправниот избор во исправната количина може многу да ти користи. На пример:

  • Музиката може да ти го подобри расположението.

    „Кога имам лош ден, ги пуштам моите омилени песни и веднаш ми е подобро“ (Марк).

  • Музиката може да те врати во времето.

    „Честопати некоја песна ме потсетува на некоја убава случка од минатото, и кога и да ја слушам се чувствувам убаво“ (Шеила).

  • Музиката обединува.

    „Бев на меѓународен конгрес на Јеховините сведоци, и за време на последната песна, кога сите пееја заедно, се расплакав. Зборувавме на различни јазици, но музиката нѐ обедини“ (Тами).

  • Музиката помага да развиеш убави особини.

    „Кога учиш да свириш на некој инструмент, мора да бидеш дисциплиниран и стрплив. Тоа не оди брзо. Ќе научиш добро да свириш само ако упорно вежбаш“ (Ана).

Дали си знаел? Најголемата книга во Библијата, книгата Псалми, е составена од 150 песни.

Бирај музика како што бираш храна

 Прикриени опасности

Некој вид музика може да биде штетна исто како расипана храна. Еве зошто:

  • Во многу песни, текстот отворено зборува за секс.

    „Ми се чини дека сите песни што се популарни зборуваат само за секс, и тоа без заобиколување“ (Хана).

    Библијата вели: „Блуд и секаква нечистотија или лакомост дури да не се спомнуваат меѓу вас“ (Ефешаните 5:3). Прашај се: „Дали музиката што ја слушам ми отежнува да ги послушам овие зборови?“

  • Некоја музика може да те растажи.

    „Понекогаш навечер лежам будна и слушам музика што ме тера да мислам на работи што ме растажуваат и измачуваат. Тажната музика ми носи црни мисли“ (Тами).

    Библијата вели: „Од сѐ што треба да се чува, најмногу чувај си го срцето“ (Изреки 4:23). Прашај се: „Дали музиката што ја слушам ме тера да мислам на негативни работи?“

  • Од некоја музика може да станеш гневен.

    „Музиката која поттикнува на гнев, презир и омраза е скриена опасност за мене. Забележав голема разлика во моето расположение откако ќе слушам таква музика. И моите го забележаа истото“ (Џон).

    Библијата вели: „Отфрлете го сето ова: гневот, лутината, злобата, погрдниот говор, а безобразни зборови да не излегуваат од вашата уста“ (Колошаните 3:8). Прашај се: „Дали музиката што ја слушам ме прави агресивен, па дури и бесчувствителен?“

Кој е главниот заклучок? Избирај каква музика слушаш. Тоа го прави една тинејџерка по име Џули. „Секогаш си ја проверувам листата со песни и веднаш ги бришам тие што мислам дека не се во ред“, вели таа. „Не е лесно, ама знам дека така е најпаметно.“

И Тара прави нешто слично. Таа вели: „Понекогаш на радио ќе пуштат некоја песна со многу добар ритам, ама кога ќе го слушнам текстот сфаќам дека е подобро да ја сменам станицата. Тоа е како да треба да тргнеш настрана парче чоколадна торта откако си каснал само едно залче! Ама ако имам сила да не слушам песна за секс, веројатно ќе имам и повеќе сила да одбијам секс пред бракот. Не сакам да замижам пред фактот дека музиката може да ми влијае“.

Нешто повеќе

ЗАЧУВАЈ ЈА БОЖЈАТА ЉУБОВ

Како да избереме добра забава

Дознај кои три прашања можат да ти помогнат да донесеш мудри одлуки.