Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Како да бидам добар ученик?

Како да бидам добар ученик?

Што можеш да направиш

Размислувај позитивно! Не осудувај се предвреме на пропаст со тоа што ќе мислиш дека тебе едноставно ти нема поправање. Кога ќе те обземат негативни мисли во врска со твоите способности, замени ги со позитивни. На пример, кога луѓето (можеби без основа) ги критикувале говорничките способности на Павле, тој рекол: „И да сум невешт во говорот, не сум во знаењето“ (2. Коринќаните 10:10; 11:6). Павле бил свесен за своите слабости. Но, добро ги знаел и своите јаки страни. Како е со тебе? Кои се твоите јаки страни? Ако не знаеш, зошто не прашаш некој грижлив возрасен? Таквиот пријател може да ти помогне да откриеш кои ти се јаките страни и да ги користиш потполно.

Стекни добри навики за учење. Ако сакаш да имаш добар успех на училиште — нема мрдање — кога-тогаш ќе мораш да седнеш да учиш. Точно, можеби баш и не го сакаш овој збор. Но, учењето е за твое добро. Всушност, со малку напор можеби и ќе научиш да го сакаш. Но, за да имаш добри навики за учење, ќе треба добро да си го организираш времето. Запамти, треба сериозно да го сфатиш учењето. Точно, Библијата вели дека има „време за смеење“ и „време за танцување“ (Проповедник 3:1, 4; 11:9). Затоа, како и повеќето млади, и ти веројатно сакаш да си оставиш време за рекреација. Но, во Проповедник 11:4 сме предупредени: „Кој внимава на ветрот, никогаш не сее, и кој гледа на облаците, никогаш не жнее“. Која е поуката од овој стих? Не одолговлекувај. Така важни работи ќе ти останат незавршени. Затоа, прво учење, па забава. Не грижи се — можеш да најдеш време и за едното и за другото!

Со кревање тегови можеш да си ја подобриш мускулатурата, а со добри навики за учење да си го подобриш успехот на училиште.