Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Треба ли да раскинеме? (Дел 2)

Треба ли да раскинеме? (Дел 2)

Како да раскинеш? Најпрво, одбери место и време за да разговараш со твојот дечко. Но, кога и каде би било соодветно да разговарате?

Па, размисли како би сакала ти да се постапи со тебе во таква ситуација (Матеј 7:12). Дали би сакала некој да ти раскине пред сите? Сигурно не.

Освен ако околностите не налагаат поинаку, би било пожелно да не раскинеш преку телефонска секретарка, СМС-порака или имејл. Подобро би било лично да зборувате за оваа сериозна работа.

Што да кажеш? Апостол Павле ги поттикнал христијаните ‚да ја зборуваат вистината‘ меѓу себе (Ефешаните 4:25).

Според тоа, најдобро е да бидеш тактична, но одлучна. Јасно кажи му зошто сакаш да ја прекинеш врската.

Нема потреба да му извадиш огромен список со грешки или да го затрупаш со критики. Всушност, наместо да велиш „Ти секогаш правиш така“ или „Ти никогаш не правиш вака“, би било подобро да користиш зборови со кои ќе покажеш како се чувствуваш самата — „Мене ми треба некој што...“ или „Јас мислам дека треба да раскинеме затоа што...“

Во ваква ситуација не треба да бидеш неодлучна или попустлива. Не заборавај дека си решила да ѝ ставиш крај на врската од сериозни причини. Затоа не дозволувај му на дечкото да те разубеди со слатки зборови или со други подмолни тактики. Една девојка по име Лори вели: „Откако раскинав, бившиот дечко почна да глуми дека е во тешка депресија. Мислам дека го правеше тоа за да ми падне жал за него. И навистина ми беше жал. Но, не дозволив тоа да ме предомисли“. Исто како Лори, и ти држи се за својата одлука. Твоето ‚не‘ нека значи ‚не‘ (Јаков 5:12).

Што потоа?

Не треба да се изненадиш ако некое време по раскинувањето ти е многу тешко. Можеби ќе се чувствуваш како псалмистот, кој рекол: „Ме обзеде немир, целиот се подгрбавив, по цел ден одам натажен“ (Псалм 38:6).

Некои пријатели кои ти го мислат доброто може ќе се обидат да ти помогнат со тоа што ќе те тераат да му дадеш на бившиот уште една шанса. Но, внимавај! Ти ќе треба да живееш со својата одлука, а не твоите добронамерни пријатели. Затоа, иако можеби ти е жал поради сето она што се случило, не попуштај!

Биди сигурна дека со текот на времето тагата ќе помине. Во меѓувреме, за да ја надминеш таа ситуација, преземи нешто. Следниве предлози може да ти помогнат.

  • Кажи му ги своите чувства на некој во кого имаш доверба (Изреки 15:22).

  • Зборувај со Јехова за оваа работа во молитва (Псалм 55:22).

  • Биди зафатена со нешто (1. Коринќаните 15:58).

  • Немој да се повлечеш во себе! (Изреки 18:1).

  • Дружи се со оние што можат да те охрабрат. Труди се да мислиш на позитивни работи (Филипјаните 4:8).