Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Како да најдам заеднички јазик со наставникот?

Како да најдам заеднички јазик со наставникот?

Застани и размисли малку!

Искуството на Рејчел. Таа била одличен ученик, но кога дошла во повисоко одделение, работите почнале да се менуваат. „Еден наставник правеше сѐ за да ја повторувам годината“, раскажува таа. Во што бил проблемот? Наставникот јасно им ставил до знаење и нејзе и на нејзините родители дека не му се допаѓа нивната религија.

Наставниците се како камења во река — ќе ти помогнат да преминеш од незнаење до знаење, но сепак ти мораш да го изодиш патот

Што се случило? Рејчел вели: „Секојпат кога беше очигледно дека наставникот дозволува неговите предрасуди да влијаат врз мојата оценка, мајка ми доаѓаше да зборува со него. По некое време, престана да ме малтретира“.

Ако и тебе ти се случува нешто слично, собери храброст и зборувај со своите родители за тоа. Тие сигурно ќе се потрудат да разговараат со наставникот, а можеби и со наставничкиот совет, за да се најде некое решение.

Се разбира, нема сите проблеми да се завршат мазно. Понекогаш едноставно ќе мора да издржиш (Римјаните 12:17, 18). „Еден наставник гледаше многу негативно на учениците“, вели Тања. „Често нѐ навредуваше и велеше дека сме глупави. Отпрвин тоа ме доведуваше до солзи, но научив да не ги сфаќам лично неговите навреди. Се концентрирав на учењето и гледав да сум зафатена на час. Како резултат на тоа, не ме гњавеше многу, и бев една од малкуте што добија добра оценка од него. По две години, тој наставник доби отказ.“

Заклучок: Ако научиш како да најдеш заеднички јазик со некој тежок наставник, ќе научиш една вредна вештина — вештина што ќе ти биде од помош ако еден ден имаш незгоден шеф (1. Петрово 2:18). А ќе научиш и да ги цениш добрите наставници.