Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Имам премногу за учење! Што да правам?

Имам премногу за учење! Што да правам?

Што можам да направам

Најди си место за учење. Гледај да нема ништо што ќе ти го одвлекува вниманието. Ако е можно, учи на биро. Не го вклучувај телевизорот.

Времето е како темпераментен коњ — мораш да научиш да го контролираш

Постави ги работите по важност. Бидејќи образованието е важно, биди одлучен да не го вклучуваш телевизорот додека не научиш за следниот ден.

Не одложувај. Направи си конкретен распоред за учење и за пишување домашни задачи и држи се за него.

Направи си план. Одлучи кој предмет ќе го учиш прв, кој втор итн. Запиши си го тоа на хартија и одреди време за секој предмет. Кога ќе завршиш со еден предмет, пречкртај го.

Прави си паузи. Ако видиш дека ја губиш концентрацијата, направи си кратка пауза. Потоа, што е можно побрзо, продолжи со учењето.

Имај самодоверба. Запамти — разликата помеѓу добар и слаб ученик обично повеќе се должи на трудољубивост, а не на интелигенција (Изреки 10:4). Ти можеш да имаш добар успех на училиште. Вложи труд и ќе имаш добри резултати.