Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што ако прекршам некое правило?

Што ако прекршам некое правило?

Еве што можеш да направиш за и така лошата ситуација да не стане уште полоша.

Кажи ја вистината. Во спротивно, само ќе ја поткопаш и таа малку доверба што останала кај твоите родители. Затоа биди искрен и кажи си сѐ (Изреки 28:13).

  • Немој да се оправдуваш или да ја намалуваш сериозноста на она што се случило.

  • Секогаш имај на ум дека „благиот одговор го смирува гневот“ (Изреки 15:1).

Извини се. Исправно е да покажеш дека ти е жал за тоа што си им создал грижи, разочарување или дополнителна работа на родителите, а тоа може да ја ублажи и казната што ќе ја добиеш. Меѓутоа, мора искрено да ти биде жал.

Прифати ги последиците. Да ги прифатиш последиците од своите постапки е знак на зрелост. Можеби најдобро ќе биде едноставно да работиш на тоа повторно да ја стекнеш довербата на твоите родители (Изреки 20:11).

Не заборавај дека родителите се одговорни да водат сметка за твоите постапки во разумна мера. Затоа во Библијата се зборува за ‚заповедта на татко ти‘ и ‚упатствата на мајка ти‘ (Изреки 6:20).

Ако сакаш родителите да ти остават поголема слобода

  • докажи им дека си спремен да ги почитуваш нивните правила;

  • послушноста нека стане дел од тебе — внатрешен глас што ти кажува кој си ти и што е важно за тебе.