Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да си ја одржувам линијата?

Како да си ја одржувам линијата?

Библијата ни кажува да бидеме ,умерени во сѐ‘ (1. Тимотеј 3:2). Тоа значи и во јадењето. Би можел да се обидеш со следново.

Не прејадувај се. Порано ја броев секоја калорија“, вели Јулија (19), „но сега едноставно престанувам да јадам кога сум сита.

Избегнувај нездрава храна. Престанав да пијам газирани сокови“, вели Питер (21), „и за еден месец симнав 5 килограми.

Отфрли ги лошите навики на исхрана. Се трудам да не земам репете“, вели Ерин (19).

Клуч за успех: Не прескокнувај оброци! Во спротивно, ќе прегладнеш, и тогаш е поголема веројатноста да се прејадеш.

Некои што велат: „Морам да ослабам“, имаат искривена слика за своето тело, а всушност нивната тежина е сосем во ред. Меѓутоа, што ако навистина треба да ослабиш? Еве што ѝ помогнало на Кетрин.

„Како тинејџерка имав нешто што воопшто не го сакав — вишок килограми. Бев незадоволна од својот изглед и се чувствував мизерно.

Одвреме-навреме се обидував да ослабам со некои посебни диети, но по диетата килограмите секогаш ми се враќаа. На 15 години решив сериозно да си ја сфатам работата. Сакав да ослабам на исправен начин — начин на кој ќе продолжам да живеам.

Купив книга за правилна исхрана и совети за вежбање и се држев за она што беше кажано во неа. Бев решена да не се предавам дури и ако ми се случи на моменти да потклекнам или да се обесхрабрам.

И знаете што? Успеав! За една година изгубив 27 килограми. Еве веќе две години ја одржувам истата тежина. Не верував дека тоа е можно!

Мислам дека успеав затоа што не се потпирав само на начинот на исхрана, туку го сменив и начинот на живот“ (Кетрин, 18).