Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што ако имам чувство дека не се вклопувам?

Што ако имам чувство дека не се вклопувам?

Што можеш да направиш

Прво, размисли со какви луѓе ти е најтешко да се вклопиш.

Возраст:

Не се вклопувам со...

  • помлади
  • врсници
  • постари

Способности:

Не се вклопувам со луѓе што се...

  • спортски типови
  • талентирани
  • интелектуалци

Карактер:

Не се вклопувам со луѓе што се...

  • самоуверени
  • популарни
  • крем-друштво

Второ, размисли која изјава најдобро опишува како обично се однесуваш кога си со нив.

  • се преправам дека ме интересираат истите работи или дека имам исти способности.
  • не земам предвид што ги интересира нив и зборувам за она што ме интересира мене.
  • си ќутам и само чекам шанса да си заминам.

Трето, не седи со скрстени раце! Не можеш секогаш да очекуваш другите да ти пристапат тебе. Мораш и ти да им пристапуваш ним (Филипјаните 2:4). Што ќе ти помогне во тоа?

Барај пријатели на различна возраст. Кога ќе размислиш малку подобро, зошто да бараш пријатели само на твои години, а потоа да кукаш дека немаш друштво? Тоа би било како да умираш од глад на пуст остров, а насекаде околу тебе врие од риби!

Мајка ми ме поттикна да пробам да разговарам со повозрасни. Ми рече дека ќе се изненадам колку заеднички работи имам со нив. Беше во право, и сега имам многу пријатели!“ (Хелена, 20).

Научи како да разговараш. Клучот е во тоа 1) да слушаш, 2) да поставуваш прашања и 3) да покажеш искрен интерес (Јаков 1:19).

Гледам повеќе да слушам отколку да зборувам. А кога зборувам, гледам да не зборувам за себе и да не зборувам лошо за другите“ (Сара, 18).

Ако некој сака да разговара на тема за која не знам многу, ќе го замолам да ми објасни малку повеќе, а тоа, пак, се надевам, ќе биде причина да разговара подолго со мене“ (Џеред, 21).

Бидејќи сум срамежлива, морам да се присилам да зборувам со некого. Но, за да имаш пријатели, мораш и самиот да бидеш пријател. Затоа, почнав повеќе да зборувам“ (Лија, 16).