Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да не ги одложувам работите?

Како да не ги одложувам работите?

Дали ти е преку глава сѐ да правиш во последен момент? Тогаш, престани да ги одложуваш работите! Оваа статија ќе ти помогне дури и ако

Откако ќе ја прочиташ статијата, разгледај ја рамката  „Факти и заблуди“.

Библијата ни кажува кои се последиците кога некој одложува. Таа вели: „Кој внимава на ветрот, никогаш не сее, и кој гледа на облаците, никогаш не жнее“ (Проповедник 11:4).

Разгледај неколку можни причини зошто одложуваш и некои предлози што ќе ти помогнат да прекинеш со таа навика.

 Мислиш дека задачата е претешка

Факт е дека од некои задачи просто те фаќа страв и најлесно е да ги одложиш. Но, еве некои подобри идеи:

  • Подели ја работата на помали делови. Дури и кога сум свесна дека заостанувам, се трудам да фатам чекор така што ги правам работите една по една“, вели Мелиса.

  • Почни веднаш. Штом ќе ја добиеш задачата, почни веднаш — макар и само да ја запишеш во планерот или набрзина да напишеш неколку идеи за да не ги заборавиш“ (Вера).

  • Побарај помош. Твоите родители и наставници веројатно некогаш се нашле во слична ситуација. Учи од нивното искуство. Тие може да ти помогнат да се организираш и да си направиш план.

Предлог: Направи си план. Точно, тоа ќе бара да се организираш и да бидеш решен да се држиш за планот, но ќе ти се исплати — ќе ги завршуваш своите задачи навреме“ (Аби).

 Немаш мотивација

Обично, не ти се почнува некоја задача затоа што ти изгледа страшно досадна. Но, што може да ти помогне ако работата што те чека не ти е воопшто интересна? Еве неколку предлози:

  • Размисли зошто е добро да ја почнеш навреме. На пример, помисли колку убаво ќе се чувствуваш кога ќе ја сработиш задачата. „Супер се чувствувам кога ќе завршам нешто навреме или дури и предвреме, и после можам малку да се опуштам“, вели една девојка по име Ејми.

  • Не губи ги од вид последиците. Кога одложуваш, се ставаш под уште поголем притисок и имаш помали шанси да успееш. Библијата вели: „Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее“ (Галатите 6:7).

  • Постави си рок пред крајниот рок. Многу ми помага ако во мислите си врежам дека треба да ја завршам задачата неколку дена пред крајниот рок“, вели Алиша. „Така можам уште еднаш да ја проверам и да бидам раат ден-два.

Предлог: Сѐ е во главата. Кажи си дека ќе го сработиш тоа што треба и дека нема да дозволиш ништо да те спречи. Кога си велам така, успевам да завршам сѐ како што треба“ (Алексис).

 Веќе си презафатен

Едно момче по име Нејтан вели: „Другите ме викаат влечко, што не е фер! Тие не сфаќаат колку сум зафатен!“ Ако и ти се чувствуваш како Нејтан, пробај ги следниве предлози:

  • Прво заврши ги полесните задачи. Еднаш ми кажаа дека ако за нешто се потребни пет минути, подобро да го направам веднаш“, вели една девојка по име Амбер. „На пример, ако треба нешто да исчистам, да си ги кренам алиштата, да ги измијам садовите и да телефонирам.

  • Подреди ги работите по важност. Библијата вели: ,Проценете што е најважно‘ (Филипјаните 1:10). Како можеш да го примениш овој совет? „Си правам список со тоа што треба да завршам и до кога“, вели Ана. „Но, што е најважно, си запишувам кога планирам да почнам и да завршам со еден проект.

Дали ова ти звучи премногу војнички? Погледни од друг агол. Кога си правиш план, ти имаш контрола над времето, а не времето над тебе. Тоа го намалува и стресот. „Кога имам план, посмирена сум и јасно ми е што и кога треба да направам“, вели Кели.

  • Ништо нека не ти го одвлекува вниманието. На сите дома им кажувам кога почнувам со некоја задача“, вели Џенифер. „Ако сакаат да направам нешто друго, им велам да ми кажат пред да почнам. А ги исклучувам и мобилниот и мејлот.“

Предлог: Ако треба да завршиш нешто, нема бегање — тебе те чека. Наместо да оставиш да ти виси над глава, едноставно седни и заврши го. После цел ден си на мира“ (Џордан).