Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Како да не мислам на секс?

Како да не мислам на секс?

Што можеш да направиш

Добро избери со кого ќе се дружиш. Ако твоите пријатели и другите на училиште почнат да зборуваат за безобразни работи, и ако и ти се вклучиш во муабетот, ќе ти биде уште потешко да си ги контролираш мислите. Обично има начин да си заминеш без да изгледа дека се правиш важен и без да предизвикаш потсмев.

Би дозволил ли компјутерот да ти го нападнат вируси? Тогаш, зошто да дозволиш во умот да ти влегуваат неморални мисли?

Избегнувај неморална забава. Голем дел од денешната забава има цел да ги разгори неисправните сексуални желби. Каков совет дава Библијата? „Да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот, и да се усовршуваме во светоста во Божји страв“ (2. Коринќаните 7:1). Држи се подалеку од забава што може да предизвика сексуални желби.

Имај го ова на ум: Сексуалните нагони не се лоши сами по себе. Бог е тој што ги создал мажот и жената да чувствуваат силна привлечност еден кон друг, и сосема е на место сексуалните желби да се задоволат во бракот. Затоа, ако ти се јават силни сексуални пориви, немој да си мислиш дека си непоправливо лош или дека ти не можеш да останеш морално чист.

Заклучок: Ти одлучуваш за што ќе размислуваш. Можеш да останеш чист и во мислите и во однесувањето ако го избереш тоа!

 

Нешто повеќе

ТИНЕЈЏЕРИ

Младите прашуваат, том 1

Некои од темите се: алкохол, дрога, морал и спротивен пол.