Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што ако сум зависник од порнографија?

Што ако сум зависник од порнографија?

Што можеш да направиш

Стекни исправно гледиште за порнографијата. Порнографијата не е ништо друго освен обид да се изопачи нешто што Бог го создал да биде чисто и нерасипано. Ако вака размислуваш за порнографијата, тоа ќе ти помогне да ‚го мразиш злото‘ (Псалм 97:10).

Размисли за последиците. Порнографијата ги понижува оние што се прикажани во неа. Го изопачува и оној што ја гледа. Со добра причина, Библијата вели: „Паметниот човек го гледа злото и се трга“ (Изреки 22:3).

Вети си дека нема да гледаш. Свечено ветив никогаш да не погледнам девојка со страст“, рекол верниот Јов (Јов 31:1, Today’s English Version). Еве некои ‚свечени ветувања‘ што би можел да си ги дадеш:

  • Нема да користам Интернет кога сум сам.
  • Веднаш ќе ги затворам сите прозорчиња или страници на кои има неморални сцени.
  • Ако повторно почнам да гледам порнографија, ќе зборувам со некој зрел пријател.

Секојпат кога некој гледа порнографија, состојбата станува сѐ полоша — колку повеќе гледа, толку потешко му е да се ослободи

Моли се за тоа. Псалмистот го молел Јехова: „Одврати ми ги очите од безвредни работи“ (Псалм 119:37). Бог сака да успееш и ако го молиш, може да ти даде сила за да постапуваш исправно! (Филипјаните 4:13).

Разговарај со некого. Обично, важен чекор за да прекинеш со оваа навика е да најдеш пријател со кого отворено можеш да зборуваш за сѐ (Изреки 17:17).

Запомни: Секогаш кога ќе одбиеш да гледаш порнографија, ти извојуваш голема победа. Кажи му на Јехова Бог за таа победа и заблагодари му се за силата што ти ја дал. Тој многу се радува кога одбиваш да гледаш порнографија! (Изреки 27:11).

 

Нешто повеќе

ТИНЕЈЏЕРИ

Младите прашуваат, том 1

Некои од темите се: алкохол, дрога, морал и спротивен пол.