Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што ако не го поднесувам училиштето?

Што ако не го поднесувам училиштето?

Еве што ќе ти помогне

Позитивен став кон учењето. Труди се да ја видиш целата слика. Можеби не ти изгледаат важни сите предмети што ги имаш на училиште — барем не сега. Сепак, знаењето што ќе го стекнеш од повеќе области ќе ти помогне подобро да го разбираш светот околу тебе. Така ќе можеш ‚на сите да им бидеш сѐ‘ и да зборуваш со најразлични луѓе (1. Коринќаните 9:22). На крајот на краиштата, така ќе си ја подобриш способноста за размислување — вештина која секако ќе ти користи на долги патеки.

Училиштето може да биде како пробивање пат низ густа џунгла — и едното и другото е можно ако имаш соодветна опрема

Позитивен став кон наставникот. Ако мислиш дека твојот наставник е досаден, концентрирај се на темата, а не на личноста. Имај на ум дека твојот наставник веројатно ја предавал истата лекција десетици, па дури и стотици пати пред други класови. Значи, можеби не му е лесно да ја изнесе со истата одушевеност како и првиот пат.

Предлог: Прави си белешки, со почит поставувај прашања и биди заинтересиран за темата. Тоа ќе влијае и на другите.

Позитивен став кон своите способности. Училиштето може да ги открие твоите скриени таленти. Павле му напишал на Тимотеј ‚да го разгори Божјиот дар кој го примил‘ (2. Тимотеј 1:6). Очигледно Тимотеј добил некаков дар од светиот дух. Но, својата способност што ја добил — неговиот „дар“ — морал да ја негува за да не остане неискористена. Се разбира, твојот успех на училиште не доаѓа директно од Бог. Сепак, ти си имаш свои таленти. Училиштето може да ти помогне да откриеш и да се подобруваш во вештини што не си ни знаел дека ги имаш.