Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да се мотивирам да вежбам?

Како да се мотивирам да вежбам?

Библијата вели: ‚Телесното вежбање е корисно‘ (1. Тимотеј 4:8). Сепак, изгледа дека повеќето млади кои велат: „Треба да вежбам“, баш и не се по вежбањето.

  • „Нема да ви се верува колку многу деца имаа единица по физичко кога бев во средно. А полесен предмет од тоа немаше!“ (Ричард, 21).

  • „Некои си мислат: ‚Зошто да трчаш и да се потиш на жешкото кога можеш да играш некоја видеоигра во која си замислуваш дека си некој друг што го прави тоа?‘ “ (Рут, 22).

Ако и ти имаш такво мислење, разгледај три добри причини зошто се исплаќа редовно да се вежба.

Причина бр. 1. Вежбањето ти го зајакнува имунитетот. Татко ми секогаш велеше: ‚Ако не можеш да си најдеш време за вежбање, порано или подоцна ќе мораш да најдеш време за боледување‘ “, вели Рејчел (19).

Причина бр. 2. При вежбање, мозокот ослободува хемиски супстанции што те опуштаат. Трчањето ми помага да се опуштам кога низ главата ми се вртат илјада работи“, вели Емили (16). „Тоа ме освежува и физички и емоционално.

Причина бр. 3. Вежбањето може да биде забавно. Уживам кога сум во природа“, вели Рут (22), „па затоа моето вежбање се состои од планинарење, пливање, сноубординг и возење велосипед.

Клуч за успех: Одвој барем по 20 минути трипати во седмицата за некоја енергична физичка активност во која уживаш.

Имај го ова на ум: Точно е дека генетиката има улога, но твоето здравје честопати зависи од начинот на живот што сам го избираш. Значи, кога велиш: „Треба да вежбам“, изборот е твој — ти можеш да направиш нешто во врска со тоа!