Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да ја победам тагата?

Како да ја победам тагата?

„На секој што му е тешко, се обидувам да му помогнам и да го утешам. Но, ретко кој знае дека кога ќе си појдам дома, се затворам во мојата соба и плачам“ (Кели).

„Кога сум потиштен, се повлекувам од другите. Ако ме поканат некаде, наоѓам изговор да не одам. Многу успешно ја кријам тагата од моите. Тие мислат дека со мене сѐ е во ред“ (Рик).

ДАЛИ си била во слична ситуација како Кели и Рик? * Ако е така, немој брзо да заклучиш дека нешто не е во ред со тебе. Факт е дека одвреме-навреме на секого му е тешко. Тоа било случај дури и со некои од верните мажи и жени спомнати во Библијата (1. Самоилова 1:6-8; Псалм 35:14).

Некогаш знаеш зошто ти е тешко, а некогаш не. „Не мора да се случи нешто страшно за да бидеш потиштен“, вели Ана (19). „Тагата може да дојде во секој момент, дури и кога немаш никакви проблеми. Нема логика, ама така е!“

Сеедно која е причината — па дури и да нема некоја вистинска причина — што можеш да сториш доколку се чувствуваш потиштено? Еве неколку предлози.

  1. Разговарај со некого. Кога му било најтешко, Јов рекол: „Ќе зборувам од горчина во душата“ (Јов 10:1).

    Кели: „Неверојатно е колку ми олеснува откако ќе поразговарам со некого. Конечно некој знае низ што минувам. Така може да ме спаси од бездната — да ми фрли јаже и да ме извлече!“

  2. Напиши како се чувствуваш. Кога потиштеноста влијае врз твојот став кон животот, можеби ќе сакаш да си ги запишеш чувствата. Во своите псалми, Давид понекогаш изразувал длабока тага (Псалм 6:6). Ако запишуваш што те мачи, тоа ќе ти помогне да ‚ја зачуваш мудроста и способноста за расудување‘ (Изреки 3:21).

    Хедер: „Пишувањето ми помага да си ги средам мислите што ми надоаѓаат кога сум тажна. Потиштеноста е поподнослива ако ги изразиш чувствата и ако сфатиш која е причината за нив“.

  3. Моли се. Библијата вели дека ако се молиш во врска со она што те загрижува, ‚мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе го чува твоето срце и твојот ум‘ (Филипјаните 4:6, 7).

    Естер: „Се обидував да сфатам зошто сум толку тажна, но не можев. Го молев Јехова да ми помогне да бидам радосна. Ми здосади да бидам потиштена без никаква причина. И на крај вистински успеав! Затоа, никогаш не ја потценувај моќта на молитвата“.

    Со помош и со труд, можеш да излезеш од длабоката бездна на тагата

    Предлог: Како пример за што да го молиш Јехова нека ти послужи Псалм 139:23, 24. Изрази ги пред него своите најдлабоки чувства и побарај да ти помогне да сфатиш што те прави тажна.

Додатна помош ти е Божјата Реч. Позитивните работи од библиските извештаи може добро да влијаат на твоите мисли, чувства и постапки (Псалм 1:1-3).

Кога тагата не попушта

„Честопати кога ќе се разбудам наутро, повеќе би сакал да продолжам да лежам отколку да се соочам со уште еден бесмислен ден“, вели Рајан. Тој страда од клиничка депресија, како што е случај и со многу други луѓе. Истражувањата покажуваат дека 25 отсто од младите имаат некаков облик на депресија пред да станат возрасни.

Како да знаеш дали и ти имаш депресија? Некои од симптомите се изразена промена во расположението, повлеченост, намален интерес за речиси секаква активност, значителна промена во навиките на исхрана и во спиењето и силни чувства на безвредност или неоснована вина.

Се разбира, на моменти речиси сите имаме еден или повеќе од овие симптоми. Но, ако симптомите траат веќе неколку седмици, би било добро да разговараш со родителите дали треба да отидеш на лекар. Можеби тој ќе одреди дали твојата потиштеност е поврзана со некој медицински проблем.

Ако страдаш од клиничка депресија, нема зошто да се срамиш. Лекарствата им помогнале на многу луѓе во ваква ситуација да се чувствуваат подобро — како што можеби одамна не се чувствувале. Сеедно дали твојата тага е предизвикана од депресија или не, имај ги на ум утешните зборови од Псалм 34:18: „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“.

^ пас. 5 И покрај тоа што во оваа статија користиме женски род, истите совети важат и за машките.

 

Нешто повеќе

РАЗБУДЕТЕ СЕ!

Зошто да живееш?

Зошто некој би посакал да умре?