Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да го преболам раскинувањето?

Како да го преболам раскинувањето?

„Откако раскинавме со девојка ми, ми се сруши целиот свет“, вели Стивен. „Толку силна болка не сум почувствувал никогаш во животот.“

Ако и ти си поминал низ вакво нешто, оваа статија може многу да ти помогне.

 Какво е чувството

Раскинувањето е болно и за двете страни.

  • Ако ти си тој што ја прекинал врската, можеби се чувствуваш како Јасмина, која вели: „Имав голема грижа на совеста затоа што повредив некој што ми беше близок. Се надевам дека никогаш повеќе нема да поминам низ такво нешто“.

  • Ако другиот ја прекинал врската, веројатно ти е сосема јасно зошто некои го споредуваат раскинувањето со жалење поради смртта на некој близок. „Се чувствував како некој да ми починал. Ги поминав сите фази на жалење: негирање, гнев, депресија и, на крај, откако помина речиси една година, помирување со реалноста“, вели Џанет.

Заклучок: Поради раскинувањето може да бидеш потиштен и скршен. Еден библиски писател напишал: „Скршениот дух ги суши коските“ (Изреки 17:22).

 Што можеш да направиш

  • Зборувај со некој зрел пријател. Библијата вели: „Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17). Значи, тоа што ќе му ги кажеш своите чувства на твојот родител или зрел пријател може да ти помогне да гледаш исправно на работите.

    „Со месеци не сакав со никого да се дружам и не сакав со никого да зборувам за моите чувства. Но, пријателите можат да ти помогнат побрзо да го преболиш раскинувањето. Дури откако им се отворив, почувствував некое олеснување“ (Џанет).

  • Учи од минатото. Една друга библиска изрека гласи: „Стекни мудрост, стекни разборитост“ (Изреки 4:5). Од лошите искуства може многу да научиме за себе и за тоа како да се справиме со разочарувањата.

    „Откако раскинав со девојката, еден пријател ме праша: ’Што научи од оваа врска? Можеш ли да го искористиш тоа за следен пат кога ќе бидеш во врска?‘ “ (Стивен).

  • Моли се. Во Библијата пишува: „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи“ (Псалм 55:22). Молитвата може да ти помогне полесно да се справиш со тагата и да гледаш на раскинувањето од друг агол.

    „Моли се постојано. Јехова знае како ти е и тој ја разбира твојата ситуација подобро дури и од тебе“ (Марша).

  • Помагај им на другите. Библијата вели: „Не грижете се само за себе туку и за другите“ (Филипјаните 2:4). Колку повеќе се трудиш да им помагаш на другите толку побрзо ќе го преболиш раскинувањето.

    „Кога врската ќе пропадне, имаш чувство дека е крај на светот, а болката е поголема дури и од физичка болка. Но, сфатив дека тоа може да се надмине. Требаше само да си дадам време за да се вратам во нормала“ (Евелин).

Види и...

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ — РАБОТНИ ЛИСТОВИ

Како да го преболиш раскинувањето?

Преземи

Нешто повеќе

РАЗБУДЕТЕ СЕ!

Како да го преболиш раскинувањето

Како можеш да го залечиш скршеното срце и да продолжиш понатаму?