Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да зборувам за правилата со родителите?

Како да зборувам за правилата со родителите?

Што ти треба: Да знаеш да комуницираш

Комуникацијата е многу важна, зашто може

  • да им помогне на другите да те разберат;

  • да ти помогне подобро да разбереш зошто нема да го добиеш она што го бараш.

Нормално, ако сакаш да те третираат како возрасен, ќе мора да научиш да комуницираш како зрел човек. Што ќе ти помогне во тоа?

Научи да си ги контролираш чувствата. За добра комуникација потребна е самоконтрола. Библијата вели: „Безумникот го излева сиот свој гнев, а оној што е мудар, останува мирен до крајот“ (Изреки 29:11).

Што е поентата? Труди се да не кенкаш, да не се муртиш цело време, да не ја трескаш вратата или да клоцаш сѐ што ќе ти се најде на патот. Таквото однесување веројатно ќе доведе до уште повеќе правила, а не до поголема слобода.

Труди се да ги сфатиш твоите родители. На пример, замисли си дека родителите не сакаат да те пуштат да одиш на некоја забава. Наместо да се караш со нив, можеш да ги прашаш:

„Што ако со мене дојде некој зрел пријател во кого имате доверба?“

Можеби и тогаш нема да ти го исполнат барањето. Но, ако разбереш што ги загрижува, можеби ќе ти текне некое прифатливо решение.

Почитувањето на правилата е како отплаќање долг на банка — колку поодговорен си, толку поголема доверба (кредит) ќе добиеш

Стекни ја довербата на твоите родители. Замисли си дека еден човек должи пари во некоја банка. Ако редовно си ги отплаќа ратите, ќе ја стекне довербата на банката, па дури може во иднина да му биде одобрен и друг кредит.

Слично е и дома. Должен си да ги слушаш родителите. Ако постојано ги разочаруваш, нека не те изненади ако ти веруваат помалку или ако престанат да ти веруваат.

Од друга страна, ако покажеш дека може да ти се верува — дури и за мали работи — во иднина родителите веројатно ќе имаат поголема доверба во тебе.

 

Нешто повеќе

ТИНЕЈЏЕРИ

Младите прашуваат, том 1

Некои од темите се: алкохол, дрога, морал и спротивен пол.