Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да спијам повеќе?

Како да спијам повеќе?

Библијата вели: „Подобар е еден грст одмор отколку два грста труд и трчање по ветар“ (Проповедник 4:6). Кога не спиеш доволно, ништо не ти оди од рака!

  • „Кога не сум наспана, не ме бива за ништо. Тешко ми е да се концентрирам на што и да било!“ (Рејчел, 19).

  • „Околу 2 часот попладне толку сум уморна што мислам дека би можела да заспијам на сред муабет!“ (Кристин, 19).

Ти треба ли повеќе сон? Еве што направиле некои млади.

Немој да си легнуваш доцна. Се трудам да си легнам во разумно време“, вели Катерина (18).

Немој да зборуваш со пријателите до ниедно време. Понекогаш некој другар ќе ми се јави или ќе ми прати СМС доцна навечер“, вели Ричард (21), „но, од неодамна почнав да ги прекинувам таквите разговори за да можам да се наспијам.

Труди се да си легнуваш во исто време. Џенифер (20) вели: „Во последно време се трудам секој ден да си легнувам и да станувам во исто време“.

Клуч за успех: Труди се да спиеш најмалку осум часа секоја вечер.

Не треба многу за да спиеш повеќе. Потребни се неколку едноставни чекори, но користа ќе биде огромна. Запомни дека доброто здравје ќе ти помогне да изгледаш подобро, да се чувствуваш поубаво и да имаш подобри резултати во што и да правиш.

И, за разлика од други работи, твојата здравствена состојба е нешто над кое можеш да влијаеш. Ерин (19) вели: „На крајот на краиштата, твоето здравје зависи само од една личност — од тебе“.