Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што ќе ми помогне да ги прифатам правилата од родителите?

Што ќе ми помогне да ги прифатам правилата од родителите?

Веројатно познаваш некои твои врсници што навечер имаат излез до колку сакаат, се облекуваат како сакаат и излегуваат со своето друштво кога сакаат и каде сакаат. Можеби родителите едноставно се премногу зафатени за да забележат што прават нивните деца.

Библијата покажува дека ваквиот пристап во воспитувањето на децата не носи добри резултати (Изреки 29:15). Тоа што во светот нема љубов во голема мера се должи на тоа што има сѐ повеќе себични луѓе, од кои мнозина израснале во дом во кој ништо не им било забрането (2. Тимотеј 3:1-5).

Наместо да им завидуваш на младите на кои им е дозволено да прават сѐ што сакаат, труди се да гледаш на правилата што ти ги поставуваат родителите како на доказ за нивната љубов и грижа. Со тоа што ти поставуваат разумни граници, тие го следат примерот на Јехова Бог, кој на својот народ му рекол:

„Ќе ти дадам разборитост и ќе те поучам за патот по кој треба да одиш. Ќе те советувам, моето око ќе биде над тебе“ (Псалм 32:8).