Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да го објаснам мојот став за сексот?

Како да го објаснам мојот став за сексот?

„Што? Сакаш да кажеш дека сѐ уште не си спиела со некој?“

Како би се чувствувал ти ако се најдеш во ваква ситуација? Оваа статија ќе ти помогне со увереност да го објасниш својот став за сексот.

 Што е невиност?

Невин е оној што никогаш немал секс.

Некои велат дека, и покрај тоа што се впуштаат во различни сексуални активности, технички гледано се невини затоа што сѐ уште немале сексуален однос.

Но, под зборот „секс“ не спаѓа само сексуалниот однос туку и други сексуални активности како што се: орален секс, анален секс, допирање на половите органи на друго лице со цел сексуално да се возбуди и слично.

Заклучок: Оној што се впуштил во која и да било сексуална активност не може да каже дека е невин.

 Што вели Библијата за сексот?

Библијата вели дека сексот е дозволен само меѓу мажот и жената кои се во брак (Изреки 5:18). Затоа, оној што сака да му угоди на Бог не треба да се впушта во какви и да било сексуални активности пред да стапи во брак (1. Солуњаните 4:3-5).

Некои сметаат дека ставот на Библијата е застарен и дека не важи за нашево време. Но, размисли малку за она што се случува во светот околу нас. Има сѐ поголем број на разводи, сексуално преносливи болести и сѐ повеќе случаи на несакана бременост. Со оглед на ова, зарем можеш да очекуваш овој модерен свет да ти понуди добри совети во врска со моралот? (1. Јованово 2:15-17).

Ако малку подобро размислиш за библиските морални мерила, сигурно ќе сфатиш дека се разумни. Да речеме дека некој ти поклонил илјада евра. Дали тие пари би ги фрлил од покривот на некоја зграда за да ги собере некој случаен минувач? Се разбира дека не.

Слично е и со твојата невиност. Сиера (14) вели: „Не сакам да ја изгубам невиноста со некој на кого по неколку години нема да му го памтам ни името“. И Тами (17) се согласува со неа. Таа вели: „Сексуалните односи се дар, а еден дар треба да се цени“.

Заклучок: Библијата вели дека оние што не се во брак треба да ја зачуваат својата невиност и да бидат чисти во морален поглед (1. Коринќаните 6:18; 7:8, 9).

 Каков е твојот став во врска со сексот?

  • Дали мислиш дека библиското гледиште за сексот е разумно или дека е престрого?

  • Дали мислиш дека е во ред дечко и девојка да имаат секс ако искрено се сакаат?

Откако внимателно размислиле за последиците, многу млади заклучиле дека е најдобро да останат морално чисти и да немаат предбрачен секс. Тие не жалат за својата одлука ниту, пак, мислат дека нешто им е ускратено. Еве што велат некои од нив:

  • „Се гордеам со себеси затоа што сѐ уште сум невина. Што има лошо во тоа да сакаш да се поштедиш од менталната, физичката и емоционалната болка која е последица на предбрачниот секс?“ (Емили).

  • „Некои луѓе постојано започнуваат нови врски и ги менуваат партнерите. Среќна сум што не сум како нив и што знам дека нема да закачам некоја сексуално пренослива болест“ (Елејн).

  • „Некои мои врснички и некои девојки кои се постари од мене велат дека се каат што не почекале и имале секс. Не сакам да ја направам истата грешка“ (Вера).

  • „Познавам многу луѓе што до ден-денес имаат емоционални лузни затоа што имале предбрачен секс или постојано ги менувале своите партнери. Не би сакала да бидам во нивна кожа“ (Дијана).

Заклучок: Мора јасно да знаеш кој е твојот став за сексот. Само така ќе можеш да се избориш со притисокот да имаш секс пред да стапиш во брак (Јаков 1:14, 15).

 Како можеш да им го објасниш својот став на другите?

Што би можел да кажеш ако некој те праша кој е твојот став за сексот? Во зависност од ситуацијата можеш да процениш што би било најдобро да кажеш.

„Ако некој сака само да ме исмејува поради тоа што сум невина, не му дозволувам да ме гази. Едноставно велам: ,Тоа не е твоја работа‘, а потоа си заминувам“ (Корин).

„За жал, некои деца во школо уживаат да малтретираат некого. На таквите обично не им одговарам ништо кога ќе ме прашаат зошто не сакам да спијам со девојка“ (Давид).

Дали си знаел? И Исус понекогаш молчел кога некои луѓе го исмејувале (Матеј 26:62, 63).

Но, што ако оној што те прашува искрено сака да му го објасниш својот став? Ако сметаш дека со почит ќе го ислуша библиското гледиште, можеш да му прочиташ некој стих како, на пример, 1. Коринќаните 6:18. Таму пишува дека оној што има предбрачен секс прави грев против своето тело, односно, си нанесува штета.

Без разлика дали веднаш ќе ја спомнеш Библијата или не, важно е да го кажеш својот став со увереност. Имај на ум дека имаш многу причини да бидеш горд на тоа што живееш според библиските морални мерила (1. Петрово 3:16).

„Ако си уверен во она што го кажуваш ќе покажеш дека не се сомневаш во твоите верувања и дека се држиш за нив затоа што знаеш дека се за твое добро, а не затоа што некој ти го испрал мозокот“ (Џил).

Заклучок: Ако си уверен во својот став за сексот, ќе можеш полесно да им го објасниш на другите. Можеби ќе се изненадиш од нивната реакција. Мелинда (21) вели: „Моите колеги ме пофалија затоа што сѐ уште сум невина. Тие не мислат дека мојот став е чуден, туку дека сум цврста личност која има самоконтрола“.

Предлог: За да научиш како со увереност да зборуваш за својот став во врска со сексот, преземи го работниот лист „Како да го објаснам мојот став за сексот?“ Исто така, можеш да ги прочиташ и следниве две теми од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори:

  • „Дали сексот ќе ни ја зајакне врската?“ (1. том, 24. поглавје)

  • „Зошто да се зачува невиноста?“ (2. том, 5. поглавје)

„Многу ми се допаѓа начинот на кој се изнесени аргументите во книгите ,Младите прашуваат‘. На пример, на 187. страница во 1. том има интересна слика која покажува дека со предбрачниот секс се обезвреднуваш себеси. Тоа е како на некој бесплатно да му дадеш скапоцен ѓердан. До сликата на 177. страница пишува: ,Да имаш секс пред брак е исто како да користиш една убава слика за да си ги бришеш чевлите од неа‘. А мојата омилена слика се наоѓа на 54. страница во 2. том. До неа пишува: ,Ако имаш секс пред бракот, тоа е како да отвориш некој подарок пред да ти го дадат‘. Всушност, на тој начин како да крадеш нешто кое му припаѓа на некој друг — на твојот иден брачен другар“ (Викторија).

Види и...

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ — РАБОТНИ ЛИСТОВИ

Како да го објаснам мојот став за сексот?

Преземи